Музиката во Охрид под контрола

Намален бројот на пријави за бучавост. До овој момент изречени се 6 глоби на угостителски објекти, претежно во стариот дел на градот. Раководителот на општинскиот  инспекторат Танас Танасоски вели дека проблемот постои, но мора да се искорени до крај.

 |  Николоска Биљана  | 
carsija
чаршија

Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. bucavostТој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста.

„Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена со закон. Кај сите тие кафичи преземени се мерки изречени глоби и во моментов се наплатени, а глобите не се мали“.

Кафулињата во стариот дел од градот и понатаму се на црната листа на прекршители и поголем број од глобите се изречени во тој дел, нагласува Танасоски. Исто така според него, затаила контролата од државните инспекторати, кои пред сезоната биле согласни заеднички и координирано да се приклучат во справување со проблемите од кои трпи туризмот.

tanasoski„Мислам дека ќе треба, побарано е и од наша страна со помош на другите инспекции ќе мора да се преземат уште поригорозни мерки и да се затворат тие кафичи. Но едноставно немаме баш голема соработка со инспекциските надзори од другите министерства, освен со полицијата“.

Неодамна Локалната самоуправа, поточно градоначалникот Петрески, формира и дополнителна комисија, за справување со  проблемот на бучавоста која ќе мора да ги примени најригорозните мерки, категоричен Танасоски. Тој предвидува дека наредната сезона овој проблем целосно ќе биде надминат. Секако, оваа оптимистичка најава повеќе пати ја слушаме, посебно пред туристичката сезона кога сите надлежни чинители на туризмот набиваат кондиција за справување со проблемот, но практиката зборува поинаку, дека трнлив е патот за надминување на проблемот со бучавоста.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top