Повеќе од успешна реализацијата на летната школа за класична гитара која се одржа во Охрид.
Учениците кои беа дел од летната школа за класична гитара велат дека се горди што имале можност познатата професорка од Бугарија да им ги пренесе своите знаења и искуства и додваат дека со задоволство ќе ги применуваат новите техники и знаења кои ги научиле.
„Задоволството е огромно да се биде дел од ваков настан каде се споделуваат искуства и се учат нови техники и каде се запознаваме меѓу себе ние класичните гитаристи. Презадоволен сум што сум дел од ова и се надевам дека во иднина уште повеќе ќе има учесници со што би добиле еден квалитетен фестивал на овие простори во Охрид и Струга“, вели Ангел Спироски кој учи во средното музичко училиште во Струга.
Јоана Ристеска која е трета година во средното музичко училиште во Скопје вели дека овој семинар и целото збиднување кое се случуваше во Охрид е од големо значење за учениците.
Но, не само учениците на летната школа и професорката по класична гитара Стела Митева – Динкова од Бугарија која ги подучуваше учениците презадоволна од нивниот интерес како и од постигнатите резултати. Таа открива дека тие покажале исклучителна музикалност, поради што како што вели задоволството да се работи со нив беше огромно. Митева – Динкова која за прв пат доаѓа во Охрид и во Македонија беше воодушевена и од убавините на Охрид и културно историските споменици.
поточно на мојот колега Александар Крастаноски, но и на Музичкото училиште од Охрид, затоа што просторииве каде што се одржува школава се одлични за оваа намена. Ќе си одам со многу пријтни впечатоци и ќе направам се, следната година да доведам и хор од Бугарија во ова прекрасно место да ја погледнат оваа убава атмосвера. Децата беа многу талентирани. Децата многу брзо учат. Веднаш ги совладаа новите техники кои им ги покажав“, вели професор по класична гитара, Бугарија, Стела Митева – Динкова.
Меѓународна летна школа по класична гитара се одржа во Охрид благодарение на Здружението на граѓани Е КУЛ ТУР од Охрид, поточно тимот составен од Спаско Костоски, Александар Трајков задолжен за техничкиот дел и програмскиот директор Александар Крстаноски. Часовите се одржуваа во просториите на ОМУ “Методи Патче”, каде беа и завршните настапи, на кои учесниците на школата се здобија со сертификати.
„Имаше 10 учесници, доведовме врвна професорка од Бугарија која сигурен сум дека ги пренесе своите квалитети и знаења врз учесниците на школата. Ова е прва меѓународна школа по класична гитара и убеден сум дека нема да биде последна. Се надевам дека следната година ќе одиме со повеќе ресурси и со повеќе учесници со цел да ја запазиме повеќе меѓународноата на школата“, вели преставникот на здружение на граѓани Е КУЛ ТУР, Спаско Костоски.
Летната школа по класична гитара беше вистинска можност за учесниците да го прошират и надградат своето знаење како и одлична прилика да се надминат разни мелодички и технички проблеми односно учениците да постигнат севкупно усовршување. Работејќи со професорката од врвен квалитет студентите се здобијат со самодоверба и сигурност неопходна за идни јавни настапи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град