Владата и концесионерот ќе го штитат Езерото од рибокрадци.
Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов, Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба, како да се објават тендерите и како да се постават условите при добивање на рибен концесионер.
„Со ова што езерото добива концесионер за излов на риби, ние како влада добивме партнер кој понатака со сите државни институции ќе се грижи за дополнителна заштита на рибниот фонд. Рибната основа покажува колку годишно треба да се врши излов на риби и каков тип на риби од езерата вклучително и на Охридското Езеро, но во исто време дава основи и за заштита на рибниот фонд во езерото“, вели заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Зоран Коњаноски.
Министерот додава дека со тоа што Охридското езеро се даде под концесија за стопаски риболов, владата очекува да се регулира пазарот на продажба на риба во Р Македонија поточно повеќе да ги нема продавачите на риба на диво. „Само на овој начин ќе можеме да вршиме регулирање на пазарот на риба“, категоричен е заменик министерот Коњаноски. Тој додава дека во наредните шест години колку што ќе трае концесијата за Охридското езеро, владата и министерството будно ќе треба да го пратиме процесот и да врши соодветна контрола и анализа, со што точно ќе се знае што не очекува во наредните години.
Министерот е категоричен дека не само рибократците, туку со риболовната основа владата преку министретвото за земјоделство и преку хидробилошкиот институт ќе има контрола и на концесионерот.
„Согласно риболобната основа и согласно заонот за рибарсво и аквакултура точно ќе се знае концесионерот од кои места во езерото од кои пунктови ќе влегува во езерото, точно ќе се знаат чамците кои ќе бидат видно одбележани кои ќе можат да вршат сопанки лов. Точно ќе се знаат и видно ќе се одбележани и рибарските служби како и стражарските служби, така да на многу едоставен начин ќе контролираме колку концесионерот годишно ќе врши излов“, вели заменик министрот Коњаноски.
И изготвувачите на риболовната основа повеќе од сигурни дека со тоа што езерото доби концесионер, конечно ќе се заштити и точно ќе се знае колку раба се лови и од кој вид.
„Хидробилошкиот институт е задолжен за перманетно следење на состојбите со рибниот фонд. Многу често се случувало да бараме да престане ловот. Истите правила остануваат и важат, а поважно е и тоа што концесионерот ќе биде под лупа, бидејќи прво ќе мора да се оправда себеси, да го оправдаме она што сме го предложиле, но сепак требада се има предвид дека оние количини кои се таму напишани се менлива категорија“, вели раководителот на одд. За Аква култура, Зоран Спиркоски.
Инаку од 45 распишани концесии за спортски риболов владата додели 25 концесии, а за останатите за кои немаше интерес повторно ќе биде распишан јавен повик. Од концесиите за стопански излов од предвидените распишани јавни повици за Охридско езеро, Преспанско, Дојранско езеро и за езерото Шпиље, владата донесе одлука под концесија да се доделат Охридско, Дојранско и езерото Шпиље, додека за преспанското езеро немаше заинтересирани кандидати со што повикот ќе се реобјави.
Што се однесува пак до заштитата на езерото од албанска страна , Министерот Коњаноски вели дека што поскоро и нашиот сосед ќе треба да изнаде решение за проблемот и од другугиот дел на езерото. „За издавање на езерото под концесија во Албанија ќе си одлучува албанската влада, но веќе разговаравме со изготвувачите на риболовната основа за да стапиме во контакт со нашите пертнери и пријатели од Албанија и заедно да ја разгледаме можноста за допонителна заштита на рибите во Охридското езеро. Оваа постапка која ја спроведе македонската влада со научната јавост треба да биде основа и концепт кој треба да го развиваат и нашите пријатели од Албанија, затоа што езерото е од заеднички интерес“, додава заменик министeрот Коњаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град