Децата од стариот дел од градов немаат каде да ги поминуваат своите безгрижни детски денови. Од Локалната ветуваат дека и таму ќе направат детско игралиште
Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта.
Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој атрактивен дел од Охрид нема ниту едно соодветно место каде може слободно да се игра. Детското игралиште кое постоеше во некогашниот локалитет Имарет, а сега познатиот Плаошник поради зафатите кои се одвиваа таму одамна го нема. Илиески објаснува дека жителите од Урбаната заедница Варош треба да изнајдат соодветно место за поставување на детски реквизити и да се обратат до Локалната самоуправа. Екипи од таму ќе одат на увид и доколку се констатира дека местото е соодветно ќе се започне постапка за изградба на детско игралиште која не трае многу долго.
Од Локалната ветуваат дека ќе направат пријатни катчиња за детска игра насекаде низ градов, но апелираат до граѓаните да ги чуват и да не ги уништуваат реквизитите. Илиевски објаснува дека поправката на играчките чини онолку колку да се направи и опреми уште едно вакво игралиште.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град