Маките на Николчо Крстаноски и неговото семејство

Каков е животот на самохраниот родител Николчо Крстаноски?  

 |  Маленкова Татјана  | 
socijala_Nikolco_Krstamoski

Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава.
48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба.

„Работа немам никава, социјална помош не примам поради местото на живеење. И во социјално ми бараатподатоци за местото на живеење. На плаќам кирија, живаеам во напуштена куќа, целата се распаѓа, стара е ептен, веќе загрозена е. Не ми земаат кирија ме оставаат само да живеам. На зима ако некој ми помогне нешто со половина кубик дрва. “, вели самохраниот родител, Николчо Крстаноски.

Покрај за децата Крстаноски мора да се грижи и за неговата болна мајка. Тој за ТВ М открива што се прави Krstanoski Nikolcoза да обезбеди парче леб.

„За јадење собирам пластични шишиња и ги продавам во отпад. Некој ако ме викне за полесна работа одам – работам. Збирав печурки, оваа година нема. За јадење е кризно, тешко… И струјата не е платена, дојдоа да ја исклучат па ги замолив и ме оставија“, додава Крстаноски.

Крстаноски од институциите не бара многу, тој вели би бил преблагодарен само да имам сопствен кров над глава и чисто место каде би растеле моите деца и некоја работа од каде редовно би земал по некој денар.

„Јас барам да имам примања секој месец, не мора многу, но да имам секој месец. Најбитно ми е да завршам работа со документите и стан да земам. Останав на улица. Кај што живеам немам никакви услови. Нема ни купатило, и струјата ќе ја исклучат. Да дојди комисија ќе види дека ни стока не живее тука, Стара е куќата многу. Еве девојчево од што спие во нечисто му се направија и некои мозолчиња.  Немаме ни купатило, ништо немаме“, додава човекот кој сам се грижи за своите деца.

Тој открива дека за да искапи децата летово, топли вода во шишиња на сонцето. Но се плаши бидејќи доаѓа зима и многу ќе му ги доотежне работите.

Крстаноски раскажува дека тропнал до сите институции надлежни за решевање на проблемите на вакви семејства. Од таму јасно му било прецизирано дека еднократна социјална помош повеќе не се доделува и дека треба да поддаде документи за социјална помош. Дополнителен проблем му е тоа што и за документите требаат пари, поточно затоа што тој е роден во Збажди , Струшко, и неговата лична карта се води на таа адреса. Пари за да ја промени нема. Местото на живеење, поточно личната карта била проблем и за да аплицира документација и за социјален стан.

Крстаноски сеуште неможе да разбере како сопругата ги оставила и заминала и како наместо своите, чува туѓи деца. Тој е крајно благодарен на хуманите луѓе и искрено верува и се надева дека наскоро и нив ќе ги огрее сонце. Посебно е горд на своите 8 и 10 годишни деца кои и покрај сите проблеми се крајно совесни и одлични ученици.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top