Две години од смртта на новинарот Никола Манески

Изминаа две години откако Охриѓани се простија од новинарот Никола Маневски.

 |  Маленкова Татјана  | 
Maneski Nikola

Членови  на потесното семејство на Никола Манески, пријатели, ученици, колеги, соработници уште еднаш му одадоа почит пред неговото вечно почивалиште. „Никола Манески беше извонредна личност. Тој за време на неговиот живот ни ги покажа вистинските професионални и морални вредности“, вели портпаролот на СВР Охрид и негов многу добар пријател Стефан Димовски.

„Сакам да потенцирам дека новинарот и портпарол Никола Манески кој секогаш со посебен пиетет novinari Ohridзборуваше за новинарството и со сите свои сили се трудеше да ни ги долови тајните на новинарството, вклучувајќи го сегментот за односи со јавост како клучен на релацијата мадиуми јавност и за тоа секогаш ќе им бидам благодарен. Со посебна почит се сеќавам и на сите муабти и средби со него на кои што секогаш сакаше да ни каже што се значи новинартсвото, колку е важно и колку се важни меѓучовечките односи во сверат на новинарството. Човекот имаше добар збор за секого и со секого сакаше да оствари позитивна комуникација“, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.

Во име на новинарите од Охрид за Манески проговори и претседателот на регионалното здружение на ЗНМ, Горан Момироски. Тој открива дека ние како негови ученици сеуште работиме по теркот на кој не научи токму тој – Манески и дека  сите ние ќе го паметиме како голем човек.

„Никола Манески пред се беше исклучително добар колега. Тој знаеше да гради односи со сите, а најмногу со колегите. Беше голем човек и како новинар и како портпарол. Смртта го затекна како портпарол на локалната самоуправа и во последните години од неговиот живот имаше и најголема комуникација со сите нас колегите. Во ниту еден момент не знаеше да каже не, беше услужлив секогаш, знаеше да ги одбере збоовите и кога му беше тешко и кога му беше полесно не знаеше да се навреди“, вели новинарот Горан Момироски.

За големината на манески и неговиот професионализам проговори и портпаролот на фестивалот Охридско лето Сузана Вренцоска. Таа беше една од ретките која новинарството како занает го калеше  под новинарската палка на Никола Манески.
novinari Ohrid
„Изминаа две години од за мене големиот човек Никола Манески. Бев една од ретките во новинарството кое што го калеше новинарскиот занает  под новинарската палка на Никола Манески.Многу добро се сеќавам на деновите кои ги поминувавме во редакција не му беше битно ни времето на начинот да ти пристапи, а знаењето секогаш умешно ни го пренесуваше. Сега често знам да го спомнам во пренесувањето на искуствата за тоа кој каде стигнал и со гордост велам дека она што јас сум денеска е заслуга на Никола Манески“, вели портпарол на Охридско лето, Сузана Вренцоска.

Никола Манески почина на 01 август 2010 год. На 60 годишна воздраст. Смртта го затекна во извршување на функцијата раководител на одделението за односи со јавност на Општина Охрид. Во својата долга и плодна кариера, Маневски ги измина сите скалила на новинарската професија, постигнувајќи завидни резултати и поставувајќи високи критериуми во новинарскиот еснаф.
Во негова чест неговите долгогодишните соработници и пријатели, постхумно го промовираа неговото прво и за жал единствено литературно дело „Чувства без наслов“.

Зачудува фактот што денеска кога сите се присетија на доајенот на охридското новинарство Манески изостана присуството на неговите соработници од одделението за односи со јавност од локалната самоуправа.

Новинарите сеуште се во очекување локалната и градоначалникот да го остварат ветувањето и да ја реализираат предлог идејата на гласноговорникот на СВР -Охрид, Стефан Димоски за востановување на Општинска награда за новинарство „ Никола Манески, која би претставувала признание на сите вредности на новинарите и би била симбол на препознатливост на новинарите и медиумската заедница од Охрид во извршувањето на професијата, стремеж кон врвно, објективно и непристрасно информирање и доследно почитување на новинарскиот кодекс.

{loadposition content9)

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top