„Работното лето“ на СДСМ пристигна во Охрид

Во саботата на градскиот плоштад, под мотото „Крени глас за својата иднина се одржа митинг, на кој претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски посочи дека претстојните локални избори, ќе бидат своевиден референдум за Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
parola
парола

„Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно.

miting„Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни лаги и измами, за сите понижувања и газења, која ќе ја изречат страдните. Време е за решавачка битка. Не чека референдум за нашата иднина, локални избори од кои се ќе зависи“ порача Црвенковски.

На присутните на митингот им се обрати и кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Александар Петрески. Тој и официјално беше промовиран во кандидат за трет мандат.  Петрески ја обвини актуелната  власт дека заборавила на Охрид и дека го кочи развојот на овој град. Се пофали дека и покрај опструкциите кои власта им ги направила нему и на локалната самоуправа, тој сторил се што било во негова моќ.

miting„Верувам дека во најскоро време оваа власт ќе биде жестоко поразена. Ќе биде поразена од народот и ќе бидат создадени услови за рамномерен развој на сите општини„ изјави Петрески.

Петрески се надева дека во догледно време ќе може да ги реализира најавените капитални инвестиции, кои како што вели останале нереализирани поради опструкциите на власта и нејзиното непочитување на законската регулатива за враќање на градежното земјиште на општината. Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Охрид, Науме Јованоски – Чакар обвини дека ВМРО ги заборави проблемите на обичните луѓе.

„Граѓаните на Охрид и цела Македонија се жртви на сиромаштијата, невработеноста, беспарицата, предизвикана од погрешните и катастрофалните политики на Груевски“ изјави Јованоски.

Кандидатот за градоначалник Александар Петрески се осврна на приоритетите, доколку по трет пат ја добие поддршката на охриѓани, велејќи дека негов приоритет ќе биде завршувањето на отпочнатите проекти, изградба на инфраструктурата, гасификација на општината и заштита на животната средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top