Вечерва на програмата еден од најважните театарски настани, преставата „Човекот перница“ во продукција на „Театарот 199“ од Софија.
Вечерва на „Охридско лето“ претстава која започнува и завршува со тресок. Станува збор за театарското дело „Човекот перница“ на ирскиот драматург Мартин Мек Донах во режија на Јавор Грдев, а во продукција на „Театарот 199“ од Софија. Станува збор за своевиден трилер напишан во духот на Кафка, браќата Грим и Дејвид Линч истовремено кој го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет. Тема која може да се најде на секаде околу нас, вели режисерот на претставата Јавор Грдев.
„Бугарската премиера е направена само два месеци после лондонската премиера и не може да се посочи некое конкретно место во југоисточна Европа за кое е наменета претставата, може да биде било која земја, може да биде и Чешка, всушност ги опфаќа сите земји од посткомунистичкиот транзиционен период“ вели Грдев.
Пенко Господинов , актерот кој ја игра главната улога во претсавата, вели дека интензитетот на емоциите низ кои тои минува во самата претстава е огромен, бидејќи станува збор за полициско испрашување, кое во реалниот живот трае неколку дена а во претставата главниот лик го проживува за неколку часа. Господинов потенцира дека ова е една од најважните улоги во неговата актерска кариера.
„Оваа претстава, има важна улога во мојата кариера затоа што ми укажа како треба премногу далбоко да се влегува во секоја премиера и како човек да се соживее со улогата“ објаснува Господинов.
Инаку сценографијата е на Никола Тороманов, музиката е на Калин Николов, костимите се дело на Никола Тороманов, а преводот на текстот е на Искра Николова. Покрај Пенко Господинов, настапуваат уште Михаил Мутафов, Стојан Радев, Никола Мутафов и Јован-Мика Димитров.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град