Претседателот на ЛДП од Охрид, на сред бел ден малтретиран од страна на двајца полицајци.
Претседателот на ЛДП, Дејан Блажески во саботата имал непријатно искуство со двајца полициски службеници, од СВР. Тој открива дека во саботата на 28 јули во 16 часот и 30 минути бил малтретиран, испрашуван и навредуван, на улицата Крали Марко, без никаква причина, по што го ослободиле.
„Попладнето, се рекреирав на патеката на која последниве 2 години тоа го правам секојдневно. На улицата Крали Марко на околу 1 километар од мојот дом, од позади грб, бев запрен од полициско комбе со двајца полицајци кои прво грубо ме распрашуваа што правам, за што јас детално им обајснав и им ги дадов моите генералии. Само по минута од разговорот, без никаква провокација од моја страна, излегоа од полициското комбе, грубо претресувајќи ме, постапувајки како со криминалец, потоа во два наврати ме ставаа и вадеа од комбето, со виткање на рацете и тегнење на гардеробата. Сето ова беше проследено со вербални навреди и закани, пред очите на многумина граѓани.На секое мое обракање со господа, тие одговараа со навреди. После некое време, без никакво објаснување ми кажаа да продолжам и грубо ме избркаа“, објаснува Дејан Блажески, претседател на ЛДП.
Блажески вели дека во нити една ситуација не сака да ја злоупотреби партиската говорница на ЛДП , и дека најмалку посакува да гради политичка кариера на скандали, но откако размислил дека најдобро настанот да се обелодени и од неговото искуство другите многу да научат. Тој признава дека верува во правната држава и институциите и дека токму поради тоа решил правдината да ја бара како што е редот во СВР. Портпаролот на СВР Стефан Димовски потврдува дека во СВР е поднесена ваква преставка и дека истата веќе се разгледува.
„Преставката е предадена во службите на внатрешна контрола и професионални стандарди и ова тело треба да ги утврди сите околности на немилион настан. Доколкуи се утврди дека полициските службеници ги пречекориле своите надлежности против овие лица ќе следуваат санкции“, велат од СВР.
Претседателот на ЛДП, Блажески апелира на настанот да не му се дава голема димензија, или пак било каква политичка позадина и смирено да се почека одлуката на внатрешната контрола.
„Се прашувам зошто полицијата не го заштитува сопствениот народ, како во земјите со напредна демократија, туку го напаѓаат и малтретираат? Тој ден на мое место можеше да биде човек со нарушено здравје, турист па и дипломатски претставник на некоја земја. Каква е пораката која ја праќаме со ваквото однесување?“, вели Дејан Блажески.
Блажески ако признава дека иако најпрво несакал за настанот јавно да говори, признава дека се одлучил на овој чекор со цел вакви непријатни настани да не се случуваат повеќе, народот да почне да се чувствува безбедно и како што вели да не дозволиме поединци да го рушат имиџот на професионалните полицајци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град