Граничната полиција спечија шверцерски канал.
Во исклучително успешна и координирана акција предводена од граничната полиција на МВР во соработка на полициската станица од Струга, синоќа во Радожда во близина на караулата пронајдени се 26 килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица.
„Синоќешната акција беше координирана со нашите служби и како резултат на оваа координација беше реализирано приведувањето на двете лица од македонска страна кои што се директни учесници во криумчерењето на риби и на опојна дрога марихуана. Исто така пронајдени се и одземени значителна количина риби околу 25 килограми чиста марихуана која беше наменета за продажба на македноскиот нарко пазар“, вели портпарол на СВР, Стефан Димовски.
Во акцијата која се спроведе синоќа околу 22 часот кај граничниот камен број 42, во близина на караулата Радожда, полициските службеници ги приведоа лицата З.Ш.(42) и Д.П.(48 ) двајцата од Радожда. Тие се приведени во момент кога на брегот се приближувал чамец, во кој, двајца албански државјани, превезувале 20 опаковки со околу 10 килограми Марихуана и две вреќи со 22 килограми риба Белвица. Забележувајќи ги полициските службеници, албанските државјани скокнале од чамецот и со пливање побегнале, притоа фрлајќи ги во вода вреќите полни со риба Белвица.
При извршен претрес кај З.Ш. беше пронајдена црна платнена торба со околу 16 килограми спакувана опојна дрога Марихуана, додека кај Д.П. беа пронајдени 11 килограми Белвица и Крап, и огромни количини на рибарска мрежа.
„Приведените лица се исклучително познати на службата и против нив и во изминатиов период сме поднесувале значителни пријави. Исто така пронајдени се и одлични количина на рибарска мрежа одземени се и ќе бидат предадени на вештачење. Во овој момент имаме и две лица кои се недостапни за полициските органи и за нивно пронаоѓање се превземаат соодветни мерки имаме добра соработка и со акбанската страна така да мислам дека оваа заедничка акција ќе биде заокружена и со нивно пронаоѓање“, вели Димовски.
СВР презема дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град