Поради ДСГ методологијата и Охридската болница на ѕидот на срамот од ФЗУ

Од Општата болница од Охрид се бранат дека станува збор за грешки напревени уште при воведувањето на методологијата.

 |  Голабовски Крсте  | 
Katerina Poposka
Катерина Попоска

Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив  се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности  при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени при самото воведување на овој начин на работа.

personal„Ова се казни кои ги добивме во почеткот на воведување на овој систем и сега се исфилтрирани, затоа и најверојатно сме сега излезени. Инаку со текот на годините ние се повеќе се подобруваме, ака да оваа година сме едни од најдобрите болници, со најдобро кодирање и немаме никаква казна“ објаснува Попоска.

Инаку оваа методологија овозможува полесно подмирување на обврските на фондот кон здравствените установи. Така ДСГ методологијата овозможува детална евиденција за секој лежечки пациент, за секоја негова примарна и секундарна дијагноза како и за упроцедурите кои тој ќе ги добие во болницата, како и класификација на истите во посебна група, за која пак има посебна сума определена од Фондот за здравствено осигурување  на РМ. Од фондот установиле дека во Охридската болница кај повеќе од 5% од контролираните истории на болест добиен е погрешен ДСГ код во однос на погрешна примарна и секундарна дијагноза или процедура. Со правилно прекодирање се добива друг ДСГ код. Сега сите проблеми кои се јавија со методологијата се надминати, објаснува Попоска.

bolnicki krevet„Претходно да. Се што е ново е непознато за сите и треба малку повеќе умешност за да се совлада, беше тешко, но сега веќе не. Тие недостатоци ги имаме надминато. И кодирањето во нашата болница е во ред“, додава Д-р. Попоска.

Како координатор кој управува со овој систем во општата болница, Попоска објаснува дека секојдневно се внесуваат сите лежечки болни, па доколку се увиди дека постои некаква грешка или било каков сомнеж веднаш се консултира соодветниот доктор и се прави корекција. Досега никој граѓанин не бил оштетен од користењево на самава методологија, а сите казни изречени од фондот се изречени кон нас како болница, а не кон граѓаните, додава Попоска.На Ѕидот на срамот поради истата причина се наоѓаат и Општата болница од Струга, Општа болница – Велес, Клиничка болница-Битола, Општа болница-Дебар, Општа болница-Кочани, Општа болница-Гостивар, Општа болница-Струмица, Општа болница-Кавадарци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top