Речиси секоја уличка и сокак во Струга, крие смет. Но на одредени места сликата е фрапантна, има што да се види. Граѓаните реагираат, но очигледно надлежните не можат да постигнат на сите страни да го средат хаосот од смет и расфрлано ѓубре.
За хигиената, односно нехигиената во Струга, граѓаните можат да напишат томови на книги. Секоја уличка и сокак крие по некој проблем, поврзан со комуналната негрижа на оние кои се надлежни за тоа. Имено вчера, додека нашата екипа беше на терен, ни пристапија видно револтирани граѓани од централното градско подрачје, за да ни кажат што се случува пред влезот на нивната куќа, поточно веднаш позади хотелот „Београд“. Тие велат дека многу инвестирале за куќата, направиле и дуќани за издавање под кирија, но неможат да ги издадат точно поради сметот кој секоја вечер им се натрупува пред самиот влез.
„Како ова санитарната инспекција може да го дозволи. дојдите малку подоцна овде се е затрупано од отпа. Тука се разлева се и смрди“.
Тие упатија предлог до надлежните како да се надмине проблемот. Сметаат дека владее тотална дезорганизација со подигањето на сметот.
„Најдобро е сите пред своите дуќани да го вадат сметот и камионите на комуналното претпријатие да го подигаат во одредени периоди на денов“.
Граѓаните кои пред нашата камера го изнесоа својот проблем се стружани, но 46 години работеле и живееле во Шведска. Се вратиле во својата родна грутка да отпочнат на некој начин мирен и пристоен живот, но се тоа им се претворило во кошмар, бидејќи година дена неможат да ги решат бројните проблеми кои им се отвориле со купување на плацот за изградба на куќата која што ја исправиле позади струшкиот хотел Београд. И сопственикот на хотел Београд, Крсте Блажески, смета дека општината треба да изнајде начин како да се среди проблемот одлагањето на сметот, бидејќи контењерите кои се сместени до зидот на наеговиот хотел, очигледно се недоволни да го приберат отпадот од целата струшка чаршија и сокаците околу него.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град