Охридските либерали се враќаат на политичката сцена

После речиси четиригодишна пауза охридските либерали се враќаат на политичката сцена. Локалните избори главен мотив за тоа

 |  Јаковлева Лионела  | 
neckoski
нечкоски

 

Ќе се реактивира Општинската организација на ЛП. После речиси четиригодишна пауза охридските либерали се враќаат на политичката сцена. Поранешниот претседател Љупчо Нечковски вели дека тоа се прави на барање на некогашните членови и симпатизери кои ги има околу 300, но и на барање на централата која сега има ново раководство. neckoskiСекако објаснува Нечковски ќе треба интензивна работа за да се направат сите формалности околу возобновувањето на партијата за таа да може да почне да функционира со полна пареа до локалните избори кои треба да се случат на пролет. Инаку либералната партија за прв пат во овој состав на советот на општината нема свој претставник. Нечковски кажува дека нивна главна интенција ќе биде да се вратата во градскот совет.

ЛП на наредниве локални избори ќе го подржи кандидатот за Градоначалник од редовите наСДСМ. Нечкоски кажува дека ќе му донесат најмалку 1000 гласови. Но, тој се надева дека новиот состав на советот и новиот градоначалник ќе бидат многу подобри од сегашните бидејќи не е задоволен од нивната работа. А не е задоволен и од односот на централната власт према Охрид.

ЛП в понеделник ќе одржи изборно собрание на кое ќе се бира претседателот на партијата. Меѓу кандидатите е и некогашниот претседател, Љупчо Нечковски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top