Реката Црн Дрим исчистена, според пропишаните еколошки стандарди. Тоа се случило годинава за прв пат после цели 30 години, укажуваат струшките екологисти.
Екологистите од Струга, позитивно гледаат на годинешново чистење на реката Црн Дрим, од алгите и тревата. Прв пат после 30 години, се пристапува кон расчиствување на Дримот, според пропишаните еколошки стандарди, забележува претседателот на Еколошкото друштво Енхалон, Мате Гогоски од Струга.
„Се обезбедува минимум вода онолку колку што треба за опстанок на живиот свет, фаунест и растителен и за другите микроорганизми кои прават целосна симбиозата за опстанок на реката Црн Дрим. Но тоа го чинат поради тревите кои растат во водата бидејќи алгите во месец август излегува на површина и тоа ствара друга глетка“.
Гогоски смета дека реката треба да се исчисти не само парцијално туку и генерално, бидејќи голем смет, како од човечки фактор, така и од природата се таложи и претстои голема опасност дримот да се затне.
„Дримот еден ден ќе се преполни со отпад и водата не ќе може да тече ако продолжиме на овој начин. Има голем талог по зидовите и насекаде. Би требало еднаш засекогаш да се реши статусот на реката Црн Дрим. Сега реката нема статус, има статус но тоа не е правилен, како корито за пренос и регулација на водата за потребите на електростопанството. Од граѓаните тој е одземен“.
Претседателот на струшките екологисти Мате Гогоски, смета дека реката Црн Дрим, може да се направи уште поатрактивна доколку се обезбедат услови, нормално кои што не би го нарушиле еко системот. Тука тој го спомна пуштањето на чамците со весла низ реката, што би било од посебна корист како еден посебен елемент за промоција на туризмот на градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град