Се, за туризмот во Охрид

Ќе се чисти покрај магистралниот пат од аеродром до влезот на Охрид. ЈП „Охридски Комуналец“, по налог на градоначалникот Александар Петрески, ќе го исчисти овој потег од градежен шут, трња и останатиот отпад. Се тоа во име на туризмот.

 |  Николоска Биљана  | 
magistrala
магистрала

 

Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП  Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и обврските за тоа кој е треба да се грижи за патот, туку сликата која ја гледаат на терен.

pat aerodrom„Туристите кои влегуваат во Охрид не прашуват чија е обврска едноставно во своите средини не сакаме како Локална самоуправа и како ЈП дела Охрид не е чист град и од тие причини Охриски  Комуналец од утре ја отпочнува акцијата и веруваме дека до крај на денот ќе биде завршена, со цел да не се ствара гужва во престојниот викенд кој се очекува да е ударен по број на туристи“.

Оваа акција за почист град, не е единствена која на своја рака ја презема локалната преку ЈП надлежно за тоа, вели Алче. Додава дека викендов ќе се чисти кај хотелот Магнус, но исто така тој на комуналните инспектори им порача да излезат на терен и да ги опоменат виновниците за лошата состојба во која се наоѓаат одредени локалции воградот.

cistenje„Таму плажата е издадена под закуп, но никој не се грижи за просторот околу плажатса и сликата е многу лоша и таму. Апелирам до надлежните комунални инспектори не да ги санкционират туку да ги опоменат оние што се надлежни за оддржување и на просторот кој е во нивна сопственост и на оние на кои работна задача им е да ги оддржуваат магистралните патишта“.

Акција за расчистување од трња и отпад, периодов што следи, ќе се реализира и на потегот од  излезот на градот до Св. Наум. Алче најави, доколку на овој патен правец надлежните не си ја преземат работата во своја рака, тој ќе воведе редовни служби за оддржување на патот на сметка на Локалната самоуправа и ЈП. Директорот дециден, дека општина Охрид многу вложува на промоција на туризмот и не би смеело поради неизвршување на работните задачи на некој, да трпи туризмот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top