Еден наш сограѓанин требало да плати 1200ден. за да си го земе своето возило за кое мислел дека го паркирал на бесплатен паркинг
Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале 1200 ден. доколку сака да си го земе автомобилот.
Кога Љупчо Наумоски сватил дека два часа паркинг ќе го чинат 1200 денари , се изреволтирал. После вербалната расправија отишол во полиција и го пријавил случајот.
Кога наредното утро Наумоски отишол да си го земе возилото од на паркингот тоа сеуште било блокирано по што повикал полиција. Полициските службеници направиле записник и констатирале дека паркингот не е обележан и нема никаков знак дека тука се наплаќа. Наумоски вели дека ангажирал адвокат и правдата ќе ја бара преку суд, а изнајмил и возило на два месеци што ќе го чини 12 000 ден.
Тој е крајно изреволтиран од тоа што летово се случува во градов. Вели дека владее општ хаос, а особено со паркинг просторите и додава дека не треба да се чудиме што според досегашните показатели по се изгледа ова ќе биде најслаба туристичка сезона. Наумоски смета дека под вакви услови гости се помалку ќе доаѓаат, а охриѓани станаа туристи во сопствениот град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град