При вода жеден

Нашиот сограѓанин Гоце Попоски се обрати до нас со еден  сериозен проблем. Тој се чуди како во денешно време не може да се вклучи во канализациониот систем со уредно платени давачки и добиени согласности за тоа од општинските ЈП.

 |  Николоска Биљана  | 
kanalizacija
канализација

Трнлив пат за приклучување на канализационата мрежа, минува нашиот сограѓанин Гоце Попоски. Тој цела година не може да се всели во својот новоизграден објект во близина на трансформаторот кај комплексот бараки, бидејќи не е приклучен на канализациониот систем, иако како што и самиот кажува уредно ги платил сите давачки кон државата и општината.
Попоски не гледа спорен момент за приклучок, но, сепак  наидува на пречки и опструкции. Вели дека единствен проблем е што не наишол на разбирање од страна на раководните структури во Фондот за комунален развој.

goce poposki„Кога поднесов јас за тоа ми рекоа дека треба да направат пресметка, направија, дојдоа од Нискоградба рекоа дека ќе ме уклучат, но ништо од тоа, со изговор дека се пожалил комшијата рекол дека ќе го приватизира патот“.

Попоски барајќи ја правдата согласно сите законски нормативи, се консултирал со службата за имотно правни односи и катастар. Од таму му кажале дека во никој случај не може да се приватизира пат.

„Патот со урбанистичко решение е решен како пат за пристап на објектите. Тука поминува и канализационата мрежа, а јас барав од одговорните во фондот за комунален развој да ми го решат проблемот.

sporna kukaПопоски вели дека како граѓанин на Охрид совеста не му дозволува да направи јама, бидејќи тоа претставува  дело кое подлежи на казна. Тој верува дека сепак, од фондот ќе најдат решение и ќе го приклучат во одводниот канализационен систем, бидејќи шахтата од која треба да се изведе приклучокот е на само 15 метри од неговиот објект и е на улица и не навлегува во ничија приватна сопственост.
Раководителот на Фондот за комунален развој Емин Селман, вели дека конкретно за овој случај за кој што ние побаравме негов став, не е запознат. Тој во телефонскиот разговор потенцираше дека постојат бројни проблеми каде што не се решени имотно правни односи, но сепак, остави простор нашиот сограѓанин Попоски да се обрати и лично да појде кај него со цела документација, со цел надминување на проблемот.
Селман  нагласи дека стојат на располагање и тие ќе го изнајдат начинот кој е потребен согласно законот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top