Богат со настани културен викенд на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Во саботата навечер во просторот на катедралната црква Св. Софија италијанското дуо Џампаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на бандеон за сите љубители на аргентинската музика, уште еднаш со своите изведби ја открија самата душа на аргентинското танго. Ова специфично дуо уште од своето формирање стана важен дел од меѓународните музички кругови, благодарение на нивната комуникативност и харизма. Нивната изведба на делата на Пјацола, Таворало и Барди не оставија никого рамнодушен. Џампаоло Бандини, гитаристот во дуото истакна дека емоциите кои ги внесуваат при нивната изведба, секогаш им се враќаат од публиката. Тој ја појасни и посебната улога на бандонеонот во нивната изведба.
„И секако бандонеонот кој е кралот на тангото и инструмент кој е водечки кога станува збор за тангото. Се изборивме за оваа програма бидејќи многу ја сакаме музиката на Пјацола и аргентинската музика воопшто и тангото како традиционална музика. Така со Чезаре, пред околу десет години решивме да започнеме со овој проект“, потенцира Бандини.
Нивната музика е богатсво на емоции и магична атмосфера, сензуалност и интелегенција. Од гитарата на бандини и бандонеонот на Кјакјарета, во саботата вечерта, бликна самата душа на тангото,. Инаку ова извонредно дуо има соработувано со голем број артисти како Арнолдо Фоа, Масимо Кварта Франка Мазу и други.
Неделата пак двојна доза на културни настани во Охрид кои секако ги донесе 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на наградени трудови и ексклузивна селекција од остварено творештво и приказ на креативната мисла на македонските архитекти од големата изложба на биеналето „БИМАС 2012“ која се одржа во Скопје. За изборот на фотографиите претставени во Охрид и за нивното значење проговори архитект Даница Павловска Циги.
„Ги прикажуваме проектите од биеналето коешто беше во мај и кое е една патувачка изложба на која се претставени наградените трудови. Секоја награда гранд при од секое биенале е престиж во нашите професионални кругови и многу значи. Оваа изложба значи и воопшто како информација за гостите во Охрид и е дел од туристичката понуда“ вели Павловска.
Инаку објаснува Павловска оваа изложба истовремено е чествување на архитектурата низ времето за полека да се продолжи со исцртување на линијата на самопотврдување, самопрепознавање и самоидентификација. Посетителите овие три дена ќе можат да уживаат во 30-те проекти преставени на паноа, меѓу кои наградените трудови и тематски содржини селектирани кои ќе бидат дел од турнеата во Србија, Хрватска и Бугарија. Ова е 16-то по ред Биенале кое за прв пат е дел од програмата на Охридско лето.
Со театарската претстава „Хенри Шести“ од Вилијам Шекспир во изведба на Битолскиот народен тетар продолжи театарската програма на 52-то издание на Фестивалот.
Драмата која се изведе во предворјето на црквата „Света Софија“се осврнува на настаните за време на таканаречената „Војна на Розите“, граѓанска војна и војна меѓу династиите која се водела во Англија од 1450 до 1485 година. Ужасите и конфликтите во ситуацијата кога политичките и лични амбиции ја фрлаат еднаш средената нација во безредие и варварство при што семејствата се распаѓаат, а моралните норми сурово се газат во потрага по одмазда и моќ. Режисерот на претставата американецот Џон Блондел посочи дека повеќе од една година работи на оваа претстава и дека од секогаш сонувал да ја постави на сцената во предворјето на Св. Софија.
„Оваа претстава има интензитет и силен движечки момент кои знаев дека овие актери, можат многу моќно да ги пренесат. Исто така знаев дека преставата ќе има визуелна посебност и живописност која самата продукција ја носи, а комбинацијата со играта на овие актери од „Глоуб“ театарот во Лондон успешно ќе ја вратиме во Македонија“ ги кажа Болндел своите очекувања.
Главната улога на британскиот владетел, ја игра Петар Горко еден од најкреативните актери во последните 25 години на македонската театарска сцена. Тој за својот лик вели дека Хенри Шести ми се залепи во вистински миг. Ваквите владетели не биле обожувани во Англија и него ни сакаат, затоа не го ни поставувале како текст зашто не им се допаѓал.
„Бил мек владетел, но е владетел кој верува во бога, е космополит и градител на најголемите цркви во Лондон, го изградил колеџот Кембриџ“ објасни Горко.
Инаку Битолските актери ја претставија Република Македонија на културната Олимпијада со „Хенри Шести“ трет дел, дело кое никогаш досега не било играно на друг јазик во Глоуб театарот во Лондон. Првиот и вториот дел од претставата го подготвија албанскиот и српскиот театар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град