Родителите на силувана девојка правдата ќе ја бараат во Стразбур

Родителите на силувана девојка правдата ќе ја бараат во судот за човекови права.

 |  Маленкова Татјана  | 
obvinet za obljuba
обвинет за обљуба

„Голем скандал во Охрид. Повеќекратниот силувач слободно се шета по Охридските плажи и улици“, вели таткото на 24 годишната охриѓанка која на 17 јуни беше силувана од страна на како што вели обвинетиот Ѓ.М.  Тој јавно запрашува како функционираат институциите во системот и кој го ослободи од притвор силувачот, добро познат на охридската полиција , кој е обвинет за повеќе вакви извршени дела.

„Обвинителчниот акт доаѓа од јавниот обвинител никола Довлев кој при мојата посета во неговиот кабинет sudenje za obljubaкога го прашав зошто е пуштен од притвор ми одговори со зборовите, Кој си ти  да ти објаснувам зошто си ослободен. Барам од институциите  да с епреиспита работата на Јавниот обвинител и како ја извршуваа оваа функција. Ги замолувам сите институции да го разгледаат овој случај и сами да пресудат дали една таква личност треба да биде пуштена на слобода. Ако не се превземи ништо мојата правда ќе ја барам кај највисоките од државата“, вели таткото на девојката.

Јавниот обвинител Никола Довлев пак открива дека Ѓ.М не е ослободен, туку дека против него има покранато обвинителен акт за кривично дело силување. Довлев додава дека по спроведена истражна постапка осомничениот е пуштен да се брани од слобода.  Тој признава дека по кривичната пријава која против Ѓ.М ја поднел СВР Охрид осомничениот бил во притвор, мерка која се користи за обезбедување на присуство на обвинетиот .
Додека обвинетиот ја користи можноста да се брани од слобода,  оштетената страна живее во страв.  
Таткото на девојката открива дека откако таа го видела Ѓ.М како слободно се шета, живее во страв , но и дека постојано е под дејство на седативи и  лекарски надзор.

„Сега е растревожена, чувствува страв  и неможе слободно да излегува и да с едвижи како и сите што сакаат да шетаат слободно. Побаравме лекарска помош. Дадени и се таблети и седативи. Многу е возбудена“, вели таткото на девојката.  

Дознаваме дека ова не е прв пат притив Ѓ.М СВР да поднеси кривична пријава за силување. Во 2002 на 29 јануари  против истиот била поднесена кривична пријава и за уште потешко дело, силување на малолетничка. Настанот се случил во раните утрински часови во месноста Св. Стефан, во близина на специјалната болница. Ѓ.М девојата ја сретнал на една автобуска постојка и се понудил да ја превезе со новото возило.  Наместо на местото каде што требало, тој ја однел во месноста Св. Стефан каде со закани и шлаканици ја принудил на обљуба.
Дознаваме дека по овој настан, исражните органи Ѓ.М го пуштиле на слобода. Како понатака се одвивал процесот кон Ѓ.М никој не открива.       

{loadpozition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top