Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото

Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото,но и во туристички Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
sostanok Svr
состанок СВР

Ќе дадеме максимум за да имаме безбедна туристичка сезона и нема да дозволиме годинава да имаме било каква дамка во поглед на безбедноста која ќе го наруши имиџот на градот“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски на состанокот инициран од СВР насловен како „Превентивни мерки за поголема безбедност на вода и заштита од кражби“ .

Инаку денешниот состанок е уште еден обид да се зголеми степенот на безбедност во езерото, но и во sostanok SvrОхрид. Состанок имаше превентивен карактер и на него присуствуваа сите чинители кои имаат директна инволвираност во безбедноста на вода. Покрај езерската полиција, на соатнокот присуствуваа и претставници на капетанија, концесионерите на плажите , претставници на надлежни инспекциски служби  при локалната самоуправа.  Плодната дискусија резултираше со мерки кои  веќе од денеска ќе започнат да се применуваат во водите на охридското езеро.

„Претставници и полициски службеници на езерската полиција заедно со претставници и инспектори за внатрешна пловидба при капетанија веќе се на терен и имаат заеднички и координирани мерки и активности кои што се одвиваат по целото крајбрежје на охридското езеро, во Охрид и Струга. Овие активности изминативе денови резултираа со три прекршочни пријави поднесени против лица кои управуваат скутери во безбедносниот дел од крајбрежјето на езерото“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Димовски вели дека најдобри резултати се добиваат амо со тимска работа. Тој додава дека се изготвил план за делување по простор и време, а овие партоли ќе се изведуваат и со цивилни и пловни објекти. Димовски открива дека  СВР поднела и пријави до несовесни скутерџии поради непоседување на соодветна документација за ваков вид на пловни објекти.

„Во изминативе три дена се регистрирани вакви прекршоци и се поднесени прекршочни пријави. Да sostanok Svrнапоменам дека еден пловен објект еден скутер е веќе одземен кој е поврзан со вториот настан што треба да се случи на машка плажа во Струга, кога по незгодата се одзеде пловниот објект“, вели Димовски.  

И претседателот на ОО на Црвениот крст, Сашо Точков вели дека проблемот со скутерите во езерото е голем и добро е што се прават напори тој да се реши.  Тој ја поздрави забраната која од денеска стапува на сила и додава дека службите на Црвен крст кои се на терен доколку има прекшувања на редот на плажите ќе ги  евидентираат по што и ќе ги информираат надлежните служби.

„Првично реагираат спасителите за секое нарушување од страна на несовесен возач на скутер и понатака пријава до надлежните. Вчера имавме пријава  за нарушување на редот на плажата Потшеш и редовно н плажата Славија но како што не информираа превземени се мерки кон тие лица кои го правеа тоа. Земаме податоци правиме записник и сетоа тоа се поднесува до надлежните институции“, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков.

Дознавема дека во охридското езеро регистрирани се 1150  пловни објекти,  53 скутери, 134 глисери  и 22 мали бродчиња.
Инаку на денешниот состанок покрај за проблемот за со скутерите се дискутираше и за зачестените кражби во куќи и на паркинзи. Портпаролот на СВР истакна дека  била откриена и приведена петчлена група од Скопје кои направија серија на кражби во централното градско подрачје.  Димовски додава дека полициските службници во униформи и цивили како и велосипедската партола постојано ќе бидат на терен, и нема да дозволат одредени лица за лични интереси да го нарушат имиџот на Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top