Законските измени во прилог на нелегално изградените поткровја во стариот дел од градот. Ингеренциите за рушење се префрлаат те на општинскиот те на државниот инспекторат.
Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид. Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт и врски. Од Општинскиот инспекторат објаснуваат дека во периодот пред одземањето на ингеренциите ниту една дивоградба не била срушена поради Законот за легализација кој им даде можност на сопствениците кои ги имаат изградено објектите пред 03.03 2011год. истите да ги легализираат. Сега сите барања за легализација се наоѓаат во Министерството за транспорт и врски. Раководителот на Општинскиот инспекторат,Танас Танасоски ве4ли дека од контактите со Државниот инспекторат дознава дека досега нема ниту едно одобрение за легализација во стариот дел од градот.
Танасоски објаснува дека во овој момент ниту Државниот инспекторат не може да превземе нешто поради тоа што Законот за Охрид ќе претрпи измени со што ингеренциите за рушење во стариот дел на градот повторно ќе му бидат дадени на Општинскиот инспекторат. Државниот инспекторат единствено ќе одлучува за судбината на објектите кои се под заштита на Завод и музеј. Измените на овој закон веќе се во собраниска процедура. Танасоски вели дека повторно трошоците за рушење на дивоградбите ќе паднат на општината, а таа пак нахнадно од сопствениците на објектите ќе бара да и се надохнадат потрошените пари.
Сaмо да потсетиме дека во стариот дел на градот според списоците од пред две години кои ги изготви Општинскиот инспекторат има 38 диво изградени поткровја, а не се знае точниот број доградби. На територија на општина Охрид Градежниот инспекторат во последните 5 години евидентирал 880 дивоградби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град