Проблемот кој не е само естетски туку и санитарен и еколошки, повторно паѓа на товар на јавното претпријатие Комунално од Струга.
Ќе си земеме за слобода да кажеме дека летната туристичка сезона веќе е во ек. Двата туристички бисери на Охридското езеро, Охрид и Струга се надеваат на одлична сезона. За таа цел, добар дел од плажите на Охридското езеро си добија и свои концесионери, па тие си ги уредиле максимално, ги направиле убави за око. Далеку од убави се за жал оние кои не биле издадени под концесија. Една од плажите кои особено ни го привлече вниманието се наоѓа на струшкото крајбрежје, во близина на Евро хотел.
Расфрлани отпади и ѓубре, смет кој не претставува само естетски проблем туку и еколошки, здравствен, санитарен проблем. А помеѓу сите овие отпадоци, неколку фамилии се обидуваат да најдат спас од жешкото време. Плажите кои имаат свои концесионери покрај правата кои ги имаат од договорите за концесија, имаат и мноштво обврски. Една од нив е и одржувањето на хигиената на истите. За таа цел тие треба да имаат склучено договори или со ЈП Комунално од Струга или со некој друг субјект кој дава ваков вид на услуги, а за возврат добива некаков надоместок од концесионерот. Но останува проблемот со плажите без концесионер. Од локалната во Струга велат дека тие немаат законска обврска да ги чистат тие плажи. Само за споредба и на охридското крајбрежје има плажи кои немаат концесионер, но обврската да се грижи за нив ја презеде ЈП Охридски комуналец.
Можеби таквиот пример треба да се преслика и во Струга, затоа што на туристите најмалку им е грижа кој има или нема законска обврска да се грижи за чистотата на плажите. Ѓубрето кое секојдневно е изложено пред нивните очи зборува за нашата во крајна линија колективна одговорност. Вака како што стојат сега работите, сите валкаат, никој не чисти. Единствена шанса засега е да чекаме ѓубрето само од себе да си се распадне.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град