Тим од корпорацијата од вчера детално ги испитува потенцијалите кои ги нуди нашата земја.
Гостите од Индија од корпорацијата „Сахара Груп“ фасцинирани од убавините на Охрид и Македонија. Фактот што за неполни две недели повторно се враќаат во Охрид, повеќе од јасно покажува дека оваа групација е заинтересирана за инвестирање во Македнија.
Директорот на агенцијата за капитални инвестиции, Виктор Мизо за ТВМ открива дека групата која од вчера е во Охрид е составена од околу 45 луѓе, предводени од Сопругата на мултимилијардер Субрата Рој газда на „Сахара Груп“, синот и снаата но и нивните најблиски соработници. Дел од гостите се дојдени директно од Индија, а дел од Велика Британија. Станува збор за надворешни соработници и консултанти од различни области како на пример за голф терени, филмска индустрија, мастер планови и развој, начин на планирање на одреден простор.
Дознаваме дека познат филмски продуцент од Индија, не само што разгледува делови во Охрид, туку попладнево ќе направи и снимање на Охрид и Преспа, со цел нивната компанија во иднина овие локации да ги искористи за снимање на филмови.
Извор за ТВМ открива дека попладнево дел од тимот од Индија остварил и состаноци со министретвото за економија делот кој е задолжен за природни ресурси и за енергетика, преставници од министерството за транспорт и врски, како и со раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа Бранко Арнаудов.
Гостите од Индија ги интересира се за Македонците, од тоа што јадат, до тоа каква е климата во земјава. Во Охрид дошле со прецизни информации колку имало врнежите во просек во период од пет години, колкава е просечна температура на водата и воздухот, но и колку врнежи од снег имало во градов но и на Галичица и колку оваа снежна покривка се задржувала на Галичица. И не само климата специјалните гости посебно се интересирале и за тоа колку е долга пистата на Охридскиот аеродром и кои и колку авиони можат да слетаат. Сите овие информации даваат надеж дека Индијците покажаа многу повеќе интерес за инвестирање во Охрид, отколку Карлос Слим или шеикот од Катар.
Мизо сега засега неможе со прецизност да каже дали и во што Индијците ќе инвестираат. Тој вели дека сето ова ќе се обелодени откако ќе ги завршат сите анализи и кои ги прави тимот од Индија. Тоа што деновиве ќе се изврши и директно снимање на планината Галичица, влева надеж дека можеби токму таму ќе оди дел од инвестицијата на гостите од далечниот исток.
„Сакаат да видат се. Посебно ги интересираа во зима колку има снег, дали цело време се гледа снежна покривка на планините околу езерото бидејќи за нив тоа е нешто важно. Знаејќи дека од ноември до април се околу езерото е бело. Специфично им е дека има езеро и дека околу има снег“, вели Виктор Мизо, Директор на агенцијата за капитални инвестиции.
Мизо за ТВ М откри дека гостите посебно ги импесионирало тоа што од терасата на хотелот Инекс Горица, можеле да го видат и езерото неговата тиркизна боја, но и песокот во водата. Посебно биле фасцинирани од оваа природна убавина и постојано прашувале како може нешто да биде токлу бистро и убаво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град