Еднаков третман за сите учесници на „Охридско лето“

Исти услови и соодветен третман достоен на реномето на манифестацијата, за сите ученсици на фестивалот „Охридско лето“.

 |  Голабовски Крсте  | 
Elziabeta Jankulovska
Елизабета Јанкуловска

Музичко-сценските уметници на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија ги условувија своите матични куќи дека нема да учествуваат на фестивалот „Охридско лето“ ако не им бидат исполнети нивните барања: хотелско сместување со полн пансион и дневница од 800 денари или 3000 денари дневно. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска пак, денес со став дека никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, а манифестацијата не смее да биде заложник на било какви условувања. Таа информираше дека понудата за учеството на членовите на Националните установи Македонската Опера и Балет и Македонската филхармонија, за свеченото отворање на фестивалот уредно биле доставени до директорите на овие институции уште во април месец, кога  согласно законските прописи им биле понудени 2 опции:

хотелско сместување со полн пансион со вклучени патни трошоци,  или
 надоместок од 2000 денари  од ден со платен персонален данок.

filharmonija„Навистина зачудува фактот што во годината кога се понудени најдобрите услови за учество на манифестацијата Охридско лето, на само неколку денови пред почетокот се случуваат вакви настани кои имаат насока да фрлаат дамка на свеченото отворање. Само за потсетување, во изминатите години членовите на оркестрите од двете институции добиваа по 400, 800 или 1200 денари од ден за нивниот настап на Охридско лето. Сметаме дека обезбедениот надомест од 8.000 денари за 4 дена за вработените во МОБ и 4.000 за 2 дена за вработените од МФ покрај редовната плата, говори за соодветниот третман на македонските уметници,“ потенцира Јанкуловска.

Во врска реакциите околу превозот, директорката Јанкуловска потенцира  дека е обезбеден превоз со климатизиран автобус, камион за опремата и локален превоз од хотелот до сцените каде што ќе се одвиваат подготовките и концертот.

„Барањата на дел од вработените во Националните институции МОБ и МФ за нас се неприфатливи и цениме дека договореното треба до крај да се испочитува. Никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, и не смееме да дозволиме манифестацијата Охридско лето да биде заложник на било какви условувања“ вели Јанкуловска.

Директорката Јанкуловска за крај информира дека досега се превземени сите активности за непречена реализација на свеченото отворање на престојното 52-ро издание на Фестивалот подготовките се веќе при крај, а сите учесници на фестивалот независно дали се работи за меѓународни или домашни гости, сите ќе ги пречекаме како добри домаќини и вистински професионалци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top