• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во Охрид и Дебрца ќе се бара најстариот жител или жителка и парот со најдолг брачен стаж

Во Охрид и Дебрца ќе се бара најстариот жител или жителка и парот со најдолг брачен стаж

За прв пат во општините Охрид и Дебрца се објавува конкурс во кој се бараат најстариот жител или жителка и пар со најдолг брачен стаж.

 |  Валентина Нелоска  | 
stara zena
стара жена

За прв пат во општините Охрид и Дебрца се објавува конкурс во кој се бараат најстариот жител или жителка и пар со најдолг брачен стаж.

Оваа идеја доаѓа од креативните активисти на Црвениот крст од Охрид, а во пресрет на одбележување на неделата за грижа на старите лица од 5 до 12 декември. Ги повикуваат сите кои познаваат лица кои ги исполнуваат овие критериуми од нивното семејство, соседството, роднините или пријателите да ги пријават или да им кажат да го направт тоа. Од Црвениот крст велат  дека намерата им била  активно одбележување на неделата за грижа на старите лица , но на интересен и невообичаен начин. Во основните училишта ќе се одржуваат типизирани предавања за да се изградат хумани чувства кај најмладите во однос на старите лица.

starciКонкурост ќе трае до 15 ноември, а за избраните кандидати ќе има интересни подароци. Оваа година неделата за грижа на старите лица се одбележува под мотото „За сончева есен на животот“.Во Македонија бројот на старото население расте и се очекува во иднина тренд на зголемување.За забрзано демографско стареење  зборува и податокот дека процентот на населението со над 65 години во 1995 година било 8,7 посто,а во 2005 11,1 процент.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top