Охридското Eзеро доби концесионер

Со одлука на владата Охридското Езеро доби концесионер за стопански риболов на шест години.

 |  Маленкова Татјана  | 
pastrmcinja

Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник.

На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол pastrmcinjaПетар“ велат  дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто  не се сложуваат со одлуката езерото да има концесионер под услови под кои беше избран,  велат дека ќе кажат кога владината одлука ќе излезе во службен весник.

Со спортските риболоци се сложуваат и максимално ги подржуваат  Екологистите. Тие велат дека е многу рано да се лови пастрмка во големи количини.

„Има многу работи кои не се расчистени, а давањето под концесија посебно за пастрмката е само мачкање очи за да се каже дека ќе се ловат мали количини, но ние се семноваме дека тоа е само прикривање за поголемо изловување н пастрмката, бидејќи и досега и покрај сите напори некоја заштита не е обезбедена“, вели Ѓоко Зороски од ЕД Грашница и преставник на движење на екологисти на Македонија.

Борче Стојаноски пак вели дека тие како екологисти не се строго  против издавање на езерото под концесија, но се плашат дека сега ќе нема кој да го контролира концесионерот и дека сега повторно ќе се изловува пастрмка во енормни количини, само што овојпат наместо рибократци, тоа ќе го прави концесионерот.

„Да концесионер треба од причина ова што досега досегашниот лов на пастрмка очигледно не беше pastrmcinjaефикасно и царуваа рибокрадците. Концесионерот очекуваме дека ќе превземе мерки, бидејќи ќе има интерес за да го заштити, но се поставува прашањето, дали токму тој ќе биде контролиран“, вели Борче Стојаноски од ЕД Грашница.

Спротивно на овие реакции, стручните лица од хидробилошкиот институт задоволни што Езерото доби концесионер. Тие сметаат дека само на овој начин и со  тесна соработка помеѓу концесионерот, институтот, инспекциите и полицијата  езерото ќе го вратат во нормала во однос на рибниот фонд.

„Во периодов кој измина настанаа некои недоразбирања во однос на толкувањето на работите, бидејќи овој начин на лов ќе биде  преку мелиоративен риболов што значи во соработка со научната институција или концесионерот ќе го врши со нас, на посебен начин досега не спроведен кај нас“, вели д-р Зоран Спиркоски, раководител на одделение за аквакултура.

Спиркоски открива дека концесионерот ќе треба да работи според риболовната основа од 2011 год. за стопански риболов која се пренесува за 2012 год. Тој потенцираше дека количините кои се предвидени за риболов во 2012  за пастрмка е 2000 кг или  (2 тона),  белвица 500 кг, додека за плашица е предвидено 200 илјади килограми или 200 тона.   Од друга срана пак за рекреативниот риболов се предвидени 50 тона плашица годишно, односно вкупно 250 тони за секоја година.

Она што е битно е дека ловот на пастрмка, но и на сите останати видови риба од година во година според mrstilistaриболовната основа расте, така да дури во последната година пастрмката постигнува вредност од 20 тона.  Или  првата година треба да се изловат 2 тони, втората 4, третата 8, четврата 12, петата  16, и послената  шестата година од договорот за закуп 20  тони пастрмка.

Што се однесува пак до количините на плашица, тие  се подеднакви за сите години.

Спиркоски вели дека ова не значи дека се мора да се одвива според овој план, поточно самото езеро ќе покаже колку риба има и колку ќе се лови, а според тоа и концесионерот ќе плаќа закуп.
Раководителот на одделението за аквакултура потенцира дека најважно е што во моментов има правилници и за користење на максимален  риболовен алат, поточно за секој период е точно наведено колку километри мрежи по риба може да користи и колкави да бидат окцата на мрежите.

„Ако се лови крап може да корсти амо 10 мрежи, 25 рибари 250 мрежи во цело езеро.   За клен, грунец итн. Се е по 10, за карас по 15 за пастмка по 15 мрежи кои с еобележани на посебен начин и она што е за разлика од порано сега се напишани и димензиите на мрежите, а не само окцата. Мрежа несмаа да биде подолга од 45 метра, со максимална височина од  3 метра за пастмка и 5 метра за крап, з другите се апсолутно пониски“, вели д-р Спиркоски.

Спирковски вели дека концесионерот на езерото ќе мора да размисли и за физичка заштита на езерото, поточно покрај со рибочувари, да го искористи и она што го нуди технологијата, како што се   беспилотни летала кои се доста евтини, а може  во рок од еден час да го снимат цело езеро, термални камери кои се со прифатливи цени, а нудат многу убави резултати или пак да се закупи сателит кој за 10 000 евра може да снима постојано.

И покрај тоа што Охридското Езеро доби концесионер сепак вештачкиот мрест останува должност на државата и на хидробилошкиот институт, со тоа што сега наместо да се  изнајмуваат рибари институтот ќе ги користиме врботените од концесионерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top