Претставниците од двете стопански комори, денес овозможија средба очи в очи помеѓу македонски и турски компании.
Охрид денес домаќин на стопанската комора од Менемен-Турција. Заедно со регионалната стопанска комора од Охрид, претставниците од Менемен потпишаа меморандум за соработка. Крајната цел се разбира е економски бенефит и развој и на Охрид, но и на Менемен. Потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти, смета дека големи се можностите за соработка во областа на туризмот за кој Муфти вели дека е фабрика без оџак.
„Разговаравме за соработката, наши фирми во еден убав број беа присутни на овој состанок. Сега се во тек заеднички Би-Ту-Би средби. Фирмите се интересираат за соработка со турските фирми од Менемен за тоа што би можеле заеднички да направиме. Присутни се производители на мед, фирми од градежната гранка.“-вели потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти.
Отворен за соработка е и претседателот на стопанската комора на Менемен, Јилмаз Турал. Тој вели дека ќе се обидат дел од турската економија да ја донесат тука, и да направат вложувања кои заеднички ќе не носат напред.
„Има повеќе фирми што се овде дојдени кои вработуваат над 50, 100, 150 луѓе. Фирми кои се сериозни во својата работа и во нашата област. Заеднички потпишавме и меморандум за соработка и побратимување помеѓу Охрид и Менемен, помеѓу стопанските комори па нека ни биде аирлија понатамошната соработка.“-рече Јилмаз Турал, претседател на стопанската комора на Менемен од Турција.
Метин Акдурак е турски бизнисмен кој работи во областите на туризмот и траснпортот. Тој по потекло е македонец, па вели задоволство му е што е повторно тука. Уште пред 30 години Акдурак соработувал со Македонија. Бил претставник за Транскоп од Битола во Турција.
„Се сложувам со вас кога велите дека туризмот е фабрика без оџак. Овде во Охрид имате аеродром кој може да се користи, има и безвизен режим помеѓу Македонија и Турција и тоа е една голема предност. Доаѓањето на нашите луѓе овде како туристи, во секој случај ќе даде голем допринос на вашата економија. Оваа бројка на туристи кои дошле досега е мала според нас, така да овој заеднички допринос мислам дека ќе го почувствуваме и ние и вие, затоа што бројката на туристи сигурно ќе се зголеми со овие параметри кои што Охрид ги има.“-изјави бизнисменот Метин Акдурак.
На оваа работилница своја презентација имаа повеќе фирми од македонска и од турска страна. Како дел од неа, претставниците од двете стопански комори ја посетиле и куќата на таткото на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, Центар Жупа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град