Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната

Дел од граѓаните имаат дозвола за поставување фрижидери, за продажба на книги,слики и сувенири. За оние кои сакаат да поминат на мала врата ќе следуваат санкции

 

 |  Јаковлева Лионела  | 
plostad
плоштад

Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се резултатите по завршувањето на првиот тендер за поставување урбана опрема. Минативе денови беше распишан и втор тендер за локациите кои не се издадени. Тој завршува во среда. После тоа ќе има јавно отварање на понудите и јавно наддавање. На тендерот можат да се јават сите заинтересирани по писмен пат и да присуствуваат на јавното отварање и јавно да се  наддаваат за цената на локациите. Од Локалната тврдат дека без договор нема да има поставување урбана опрема. Симон Илиески-портпарол на Локалната смоуправа вели дека доколку некој се осмели нелегално да постави објект ќе си има работа соинспекциските служби кои постојано ќе бидат на терен.улица

Во споредба со ланската година бројот на локациите е речиси ист, но има разлика во графичкиот приказ односно планот за локациите. Тоа во најголема мера е поради сообраќајниот режим кој ќе важи ова лето. Бидејќи улицата „Ванчо Николески“ која минува пред некогашниот Депанданс на „Палас“ ќе биде отворена за сообраќај, а и „Кеј Маршал Тито“ летово ќе биде сообраќајница, најголем дел од урбаната опрема ќе се поставува после овој потег. Фрижидерите за сладолед ќе бидат поставени на плоштадот, а локациите за продажба на книги се наоѓаат помеѓу „Амамот“ и „Летница“. За продажба на сувенири неколку локации се предвидени и во стариот дел на градот и тоа кај Самоиловите тврдини. Се поставува прашањето дали ова лето ќе се почитува зацртаното или повторно ќе се создаде метеж од диво поставени тезги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top