На дневен ред советнички прашања

Советниците прашуваа се што ги интересираше.

 |  Маленкова Татјана  | 
sovetnici
советници

Советниците од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница наменета за советнички прашања побараа од градоначалникот да одговори кратко и јасно, Колкав е долгот на општина Охрид во моментов? И зошто во Охрид нема капитални инвестиции?

„Сега сакавме да слушнеме како тој долг во моментов изгледа и на тоа прашање небеше даден конкретен sovetniciодговор затоа што баравме да се каже цифрта на новонастанати долгови не ни дадоа адекватен одговор што исто така прави сомнеж дека новите долгови се многу големи што дава сомнеж за иднината на Охрид“, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Спротивно на овие обвинувања, градоначалникот вели дека говорницата ја кажал реалната состојба во однос на долговите на општината. „Тие се променлива величина и секојдневно се менуваат“, вели првиот човек на градов. Тој појаснува дека од кога тој станал градоначалник општината исплатила преку 10 милиони евра, пари кои не биле предвидени. Според Петрески тоа се долгови по предмети за експропријација.

„Само да напоменам дека околу 150 илјади евра пред една недела стигна нов долг за експропријација пресуден за ОУ Григор Прличев. Како тоа да го предвидам. Пред две години откако го исчистивме Гранит од таму дојде нова тужба и тоа без право на жалба со извршно решение дека треба да платиме околу 3 милиони евра. Затоа конкретно неможам да кажам за тие долгови“, градоначалнико Александар Петрески.

Покрај за долговите на општината координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Пановски кажа дека тие се сомневаат дека локалната има одобрение на градење на кружните текови. Пановски вели дека тоа што градоначалникот не го покажува документот, е јасен показател дека градбата е на диво.

„Дали има одобрение за градба за кружниот тек на Туристичка да одговори на прашањето и кога му побарав документ да го приложи не покажа, што дава сомнеж дка се работи за дивоградба и преставува кривично дело“, вели Паноски.

Ни со ова не се сложува првиот човек на Охрид. Според градоначалникот советниците според деловникот sovetniciќе добијат писмен одговор за три дена, а во склоп на овој одговор ќе ги има и сите потребни документи.

„Тие назнаат што го поставија прашањето дека согласно измените на законот за тој вид на сообраќај согласност дава локалната самоуправа. Сигурно прашвеле по кабинетите на министрите им имаат одговорено дека немаат издадено дозвола и но незнаат дека локалната има право да издаде таква дозвола. Имаме дозвола“, категоричен градоначалникот.

Советникот Борче Стефаноски се интересираше дали и кога ќе се реализираат ветувањата на градоначалникот кои им ги дал на жителите на Елшани и Рача, а се однесуваат на асфлалтирање на улици, осветлување, изградба на колеторски ситем , осветлување на училишен двор.
На овие обвинувања петрески со одговор дека точно е дека доста од ветувањата не се направени, но и дека има голем дел од работите кои локалната ги направила. Тој појаснува дека ветените градежни активности во Елшени ќе започнат за десетина дена.

Советникот Јоне Станкоски, од советничката говорницата запраша дали и што локалната самоуправа ја попречува реконструкцијата и изградбата во спортската сала во Велгошти, планираниот затворен базен и спортската сала во ЕМУЦ. И дали ги има доставено сите потребни докумнети, затоа што проструиле некои информации дека локалната ги кочи документите.

Петрески на ова прашање појаснува дека проблем за салата во Велгошти било, што дел се градел на приватен имот и без документација. Тој открива дека најмногу за да се реши овој проблем е актуелниот директор на агенцијата за спорт и млади Лазе Попоски.

 {loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top