Кој ќе го урива „ИВИРЕ“?

Сопственикот на „ИВИРЕ“ започнал самостојно да отстранува дел од бесправно изградениот дел од објектот.

 |  Маленкова Татјана  | 
trpejca
трпејца

Сопственикот на објектот „ИвИре“ почна да остранува делови од бесправно изградениот објект на плажата во охридското село Трпејца. Трпејчани откриваат дека инспектори од локалната секојдневно го следат текот на настаните, како и дека веќе било оградено земјиштето, во делот каде ќе се руши спорната градба. Од Црковниот одбор уште додаваат дека сега засега сопственикот на „ИВИРЕ“ извадил само дел од прозорите на објектот, како и инвентар од просториите.
Во решението за уривање од локалната, стои дека доколку сопственикот во рок од 15 дена не го урне бесправно изградениот објект, локалната самоуправа ќе го стори тоа, велат од локалната.

Од Министерството за транспорт и врски реагираат на ваквите информации од локлната самоуправа.trpejca „IVIRE“
Тие преку соопштние ја информираат јавноста дека откако градоначалникот не постапил по укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, односно не го спровел решението за отстранување на спорниот објект, на општина Охрид и се одземени надлежностите.

Понатамошните постапки поврзани со  овој предмет ги води Министерството за транспорт и врски, информираат од таму.

Инаку од двата спорни приватно сместувачките капацитети „ИВИРЕ“  во Трпејца, комисијата за легализација на објекти при локалната, констатира дека едниот е целосно нелегален, а другиот делумно.  Потсетуваме дека овие дивоградби предизвикаа негодување кај жителите на селото, кои преку мирни протести, па и со закани дека ќе го блокираат региналниот патен правен Охрид – Свети Наум, вршеа притисок врз надлежните институции да преземат мерки за отстранување на се она што изградено надвор од дозволеното.

{loadposition content 9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top