Охриѓани најмногу се жалат на социјалната состојба, неажурноста на администрацијата на Општина Охрид, невработеноста, а многу често бараат и правна помош за предмети заглавени во судските фиоки
„Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“, вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид.
Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна комуникација помеѓу граѓаните и нивните избрани претставници во Собранието на РМ. Во канцеларијата на пратениците Александар Николовски и Харалампие Шокаровски од ВМРО ДПМНЕ работат две асистентки кои се линкот помеѓу граѓаните и пратениците.
Проблемите на кои најчесто се жалат охриѓани се социјалната состојба, неажурноста на администрацијата на Општина Охрид, невработеноста, а многу често бараат и правна помош за предмети заглавени во судските фиоки, вели Мартона Јанковска,асистент во канцеларија на ВМРО ДПМНЕ.
Повеќе од 50 проценти од случаите и проблемите на кои се жалат граѓаните се решаваат, велат од канцеларијата на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Многу често граѓаните бараат и совет во овие канцеларии., кажува Билјана Богданова-Смилевска, асистент во канцеларија на ВМРО ДПМНЕ.
Секој ден од понеделник до петок од 10 до 15 часот е отворена и пратеничката канцеларија на Митре Велјаноски. И тука граѓаните можат да побараат совет, но и директна средба со пратеникот. Петок е денот кога граѓаните можат и лично да се видат со нивните избраници., вели Ирена Смилеска, асистент во канцеларија на СДСМ. Токму од ова канцеларија произлегле и дел од пратеничките прашање кои Велјаноски ги поставил во Собранието на РМ.
Инаку, овие канцеларии се отворени во партнерство помеѓу Собранието на РМ, Институтотз а парламентарна демократија и ЗЕЛС, а финансиската подршка е на Швајцарската агенција за развој и соработка и Собранието на РМ. Предвидено е отварање на 75 канцеларии во 44 општини низ државава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град