Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Традиционално и годинава во организација на општина Охрид по четврти пат се одржа ѓомлезијадата „Скребатно 2012 год“. 24 тепсии со овој специфичен специјалитет се наредијиа на масата за дегустација.

 |  Николоска Биљана  | 
gomleze
гомлезе

Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска.

gomleze„За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“.

Ѓомлезето добро оди со сирење. А понуда на неколку видови квалитетно сирење и кајмак за дегустација имаше на штандот „Даути“.

„Мислам дека народот ги препознава нашите производи и  со задоволство ги дегустираат“-вели Благица Танаскоска.

Посетителите на годинешнава ѓомлезијада Скребатно 2012 воодушевени се од организацијата на манифестацијата и велат дека целиот амбиент е како создаден за тоа.

„За прв пат го следам натпреварот и одлично е“. „Одлично е јас сум од Скопје и многу ми се допшаѓа и не е лесно, но е нешто феноменално“. „не сум од овде ме изненади гостопримството и убавината на овој клрај. Само вака знаеме кој сме што сме“.

skrebatnoОрганизаторите задоволни, велат дека од година во година се се подобри и нудат квалитет. Гоце Симоноски од ЛЕР вели дека ѓомлезијадата веќе е препознатлива традиција, манифестацијата е посетена и очигледно е дека посетителите уживаат.

„Ова е со една цел да допринесиме малку во руралниот развој, значи жителите од овој регион да сватат дека имаат навистина добра храна која можат да ја понудат на туристите во градот. Целта е не само ѓомлезијадата да биде традиција туку во Скребатно постојано да се нуди овој производ“.

Почесен гостина на гомлезијадата секако дека е градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој вели дека со оваа манифестација направиле одличен потег, што веќе сега после 4 години јасно се гледа дека постигната е целта, застапеност на сите видови на туризам.

„Предностите на Охрид во споредба со другите туристички места Грција, Турција Хрватска се чиста животна средина и здрава хрзна. Токму преку овој настан ги нудиме нашите тредиционални јадења“.

Во конкуренција на 24 натпреварувачи првата награда од 10 000 денари и припадна на Светлана Тодороска, која покрај тоа, беше наградена и од страна на регионалната занаетчиска комора со рачно изработен бисер од фамилијата Талеви. Втората награда 6 000 ден ја доби Љубица Ѓузелоска и 4000 денари доби трето наградениот Димитрија Димитроски. Манифестацијата беше збогатена со богата културно уметничка програма, а на орото заиграа  и дел од посетителите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top