Охрид домаќини на првата регатата организирана од едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Охриѓани, стружани и скопјани си ги одмерија силите.
Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро.
Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето.
Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На денешнава регата учествуваа 8 брода во класа на минитонци. Тие беа со мешана постава. Имаше охридски, струшки и скопски екипи. Честа на охриѓани ја бранеа дел од едриличароте од клубот Бофор.
Драган Гоџо, член на ЕК „Бофор“ вели дека активно ќе ја помогнат организацијата на регатата како со свое лично учество на истата така и со ставање на своите пловни објекти на располагање.
Учество на регатата зедоа и стружани. Ѓоко Мучески од едриличарскиот клуб Сирма вели дека главната поента на нивното учество на оваа регата е дружбата и не е воопшто важно кој ќе биде победникот.
Оваа регата организирана од клубот ПАМПУР на Охридското езеро ќе биде единствена во оваа година. Догодина се планирани две регати и тоа една во летниот период, а другата во зимскиот во малку поекстремни услови лога времето е поладно, а ветровите посилни. Од ПАМПУР велат дека ќе направат напори што почесто да едрат на езерските води. Тие објаснуваат дека Јадранското море е многу убаво, но за да се стигне дотаму мора да се поминат 2000 км, а до Охрид има само 200. Многу е поблиску, а задоволството е речиси исто.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град