Керамички експонати и инсталации ги воодушевуваат охриѓани.Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори
200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката.
Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на Меѓународната академија на керамика од Женева. Упевче раскажува дека Салваро бил воодушевен од Охрид и охриѓани и ветил дека ќе напише една репортажа за градов која ќе ја презентира во Загреб. Соработката која е воспоставена со Хрватска и понатаму ќе се продлабочува, тврди академскиот сликар Славко Упевче и додава дека тоа пред се ќе се прави на задоволство на охридската публика. Тој генерално е задоволен од посетеноста на ваквите настани, но потенцира дека потребна е поголема медиумска покриеност
Инаку, керамиката е најстара дисциплина во уметноста. Зборот керамика потекнува од грчкиот збор керамикос што значи глина. Глината во зависност од температурата на која се печи од сирова глина може да премине во порцелан доколку термички се обработува на температура од 1350 степени целзиусови. Керамиката е стара колку и човештвото, а нејзината примена е многу широка. Дури се применува и во вселената како изолалтор кој се поставувана врвот на спејс шатлот бидејќи може да поднесе огромна температура.
Упевче вели дека што повеќе сознанија добива за керамиката и нејзината примена се повеќе се воодушевува. Се надева дека вакво чувство ќе се пробуди и кај посетителите. Изложбата ќе биде поставена до 30 јуни, а од 2 јули ќе следува ново уметничко доживување. Како увертира на Балканскиот фестивал ќе биде поставена изложба на скулптури на познатиот српски вајар Драган Раденовиќ
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град