Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Академици и професори, поети и интимни пријатели, секој со свое видување за големиот писател.

 |  Мишел Наумоски  | 
konferencija mak. jazik
конференција мак. јазик

Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив.

Bojan TodorovskiОгромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем визионер и предвиде некои работи што се случуваа во континуитет, но станаа актуелни многу подоцна.“ И самиот љубител на литература, Бојан вели дека на посебен начин ја доживувал поезијата на својот татко.

„Како мал кога беше отсутен, јас буричкав по неговата работна соба, меѓу книгите, не само негови ракописи, туку и други дела кои што ги имаше, имаше голема библиотека и богата. Така да посебна дозвола не барав јас, ниту пак тој имаше таков обичај, дури ни со мајка ми со мене и со брат ми однапред да го каже она што го подготвува и каков ефект ќе има, тоа си го правеше тој спонтано заради себе, па дури имаше и голема доза скромност во себеси. Тој секогаш работите ги кажуваше и прикажуваше во помал обем отколку што во стварноста и реално беа.“-вели Бојан Тодоровски-Син на академик Гане Тодоровски.

Со особена милост на деновите поминати во бескрајни разговори на најразлични теми, се присети професорката Вера Стојчевска-Антиќ. Таа си спомена како уште како ученичка ја засакала неговата поезија, а особено неговата прекрасна песна „Дојди во Охрид“. Подоцна во студентските денови, Тодоровски бил нејзин професор, а по дипломирањето и нејзин колега.

prof.d-r Vera Antic„Не случајно во моето излагање ја нагласив песната „Епитаф“ која тој лично си ја напиша и во една кратка песна тој го даде целиот свој живот, целиот свој животен опус бидејќи тоа што мислел-правел, палавел, пишувал се радувал на животот, некои го сакале, кој што не го сакал можел да го одмине, еден многу искрен однос дека тој е таков каков што е, се опишува самиот себе, а не може да ги прифати сите мисли и сите идеи на сите луѓе, тој е тој единствен, наш Гане.“-рече професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ од Филолошкиот факултет од Скопје.

Поради својот особено значаен придонес во поезијата, литературата и филологијата, на нешто повеќе од две години по неговата смрт, неговиот опус и творештво добија посебено место и на оваа 39та по ред меѓународна конференција за македонски јазик. Академик Гане Тодоровски е роден на 11 Мај 1929 година, а почина на 22 Мај 2010та. Беше македонски поет, есеист, преведувач, историчар, публицист и литературен критичар. Особено се познати неговите збирки поезија „Божилак“, „Спокоен чекор“, „Горчливи голтки непремолк“, „Апотеоза на делникот“. Добитник е и на најпрестижните награди од областа на литературата како наградите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“ и многу други.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top