Туристичките работници оптимисти за сезоната која ни престои.
„Ако денот се познава по утрото“, тогаш на Охрид му престои успешна туристичка сезона. Радува фактот што изминативе месеци но и на стартот на главната туристичка сезона охридските хотели се исполнети со странски гости.
Туристичките работници се едногласни дека најголема заслуга за ова се балканските тури, од кои дел е и Охрид. Туристичката агенција „Летс травел груп“ е една една од ретките агнеции во земјава која работи со incoming туризам, поточно агенција преку која гостите доаѓаат во Охрид.
„ До сега имеме реализирано доста групи кои почнаа од крајот на март, април, а најброни беа во мај . Сега во јуни тековно имаме неколку групи и се надевам дека со оваа тенденција како што одиме дека до крајот на оваа година ќе забележиме уште повисок процент на зголемување на incoming групите во Македонија“, вели Лидија Неданоска од „Lets travel group“.
Неданоска успехот во туризмот го гледа и во владините субвенции за развој на туризам кои се доделуваат за одреден број странски гости донесени во државава.
Со ова се сложува и менаџерот на хотел Силекс, Тоше Чочороски.„Субвенциите си го направија своето, но и намалувањето на ДДВ“, додава тој. Првиот човек на хотел Силекс открива дека исполнетеста на капацитете во моментов во овој хотел е 80 %, што е повеќе од одлична.
„Се работи за гости од Словенија, Полска Турција. Конкретно за хотел Силекс очекувам уште една успешна сезона со исполнетост од 80 до 100% во одредени периоди во ударните датуми од главната туристичка сезона. Атрактивнота на Охрид, Македонија и хотелот е една работа, а цените се друга. Може да зборуваме за нормални, коректни цени на ниво на Охрид, не само за хотел Силекс. Сметам дека за Охрид како дестинација цените не преставуваат проблем, напротив в тој дел се корегиравме сите“, вели менаџерот на хотел Силекс, Тоше Чочороски.
И во хотелите Метропол и Белви, капацитите исполнети скоро 90% и тоа со странски гости. Во овие хотели домашни гости според најавите кои ги имаат во моментов ги очекуваат во месец август.
„Тука се во најголем број холанските гости, гостите од Финска, Белгија и сите оние кои со чартер летови пристигнуваат во Охрид и престојуваат по 7, 14 дена зависно од аранжманот кој го купиле. Домашните туристи и туристите од околните држави сеуште нема голем процент но и тоа е вообичаено и тоа се случува во јули и август кога најмногу навалуваат домашните туристи и од околните држави“, вели Атанас Николоски, претставник за продажба хотел Метропол.
Николовски открива дека очекуваат контунуирана исполнетост на хотелите Метропол и Белви. „Букирани аражмани има и за август и за септември па дури и до октомври“, вели тој.
Што се однесува пак за потребите и очекувањата на туристите дознаваме дека Охридските хотели ги задоволуваат нивните очекувања и дека се фасцинирани од она што го нудат Охрид и Македонија како туристичка дестинација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град