Охриѓани на “Свадбата на Итар Пејо”

Актерите од охридскиот Народен театар премиерно ќе ја изведат претставата “Свадбата на Итар Пејо” од Бранислав Димитров, а во режија на Деан Дамјановски. Ова е претстава за сите генерации, велат тие и ја канат публиката на речиси едночасовно релаксирање

 |  Јаковлева Лионела  | 
сала
сала

Народниот театар од Охрид ќе ја одигра втората премиера во оваа година. Претставата Свадбата на Итар Пејо ќе и овозможи на публиката 50 минутно уживање. Во неа актерите покрај тоа што глумат,  играат и различни фолклорни кореографии.

Драгана Боцевска , директорката на Центарот за култура вели дека претставата е специфична бидејќи изобилува со македонски народни игри и песни и е микс на фолклорот, на народната уметност и на актерството.dragana

Инспирација на режисерот Деан Дамјановски за „Свадбата на Итар Пејо“ е култниот лик на овој народен селски мудрец или итрец и мајтапчија кој постои скоро во сите народни култури. Во преставата Пејо ќе го видиме од еден поинаков агол.

 
Со помош на придружни елементи- танц и музика успеавме ликот на Итар Пејо да го издигниме на своевиден театарски или културен знак. Не случајно претставата се нарекува театарски сплет- затоа што е преплетување на неколку различни медиуми, драма, фолклорни, танци од кои дел се преработени и музиката која е неопходен и важен елемент, вели режисерот на претставата Деан Дамјаноски.

Раководителот на охридскиот театар, Горан Стојаноски кажува дека претставата е нешто што досега не е видено и тоа не само на охридската театарска сцена туку и на македонската. Тој ја кани публиката да ја погледне премиерата бидејќи реприза од оваа претстава ќе има дури во септември.

Во меѓувреме ќе се подготвуваме за следната театарска премиера, а дел од актерите на театарот ќе земат учество во најавениот спектакл за отворањето на овогодинешното издание на фестивалот„ Охридско лето“, „Ромео и Јулија“, вели раководителот на театарот.

Улогите во претставата ги толкуваат: Горан Стојаноски- Итар Пејо, берберот-Стрезо Стаматовски, Кумот-Никола Тодороски, Менка-Јасмина Билаловиќ, Дренка-Адријана Билаловиќ, Ценка-Билјана Билаловиќ. „Свадбата на Итар Пејо“ ќе се изведе утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 20 часот. Билетот чини 100 ден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top