Трпејчани откриваат нови детали за „ИВИРЕ“.
Трпејчката мрежа полека се одплеткува. Од месната заедница на Трпејца денеска ги обелоденија: датумот на донесувањето на решението и заклучокот за рушење на спорните објекти на „ИВИРЕ“ и датумот на поднесувањето на барањето за легализација на истите.
„Решението и заклучокот за рушење на дивите градби кои се градени на државен имот општинскиот градежен инспекторат ги има издадено на 14 и 15 јули 2011 год. Потсетуваме на уште еден клучен момент, а тоа е дека дивите градби се доградувани по донесувањето на законот за легализација март 2011 год. И она што е најважно е дека самиот узурпатор на просторот Сребре Петрески признава во приватните тужби против нас црковниот одбор е дека барањето за легализација до надлежните служби „ИВИРЕ“ го поднел на 19 август 2011 год. Месец и половина откако било донесено решението и заклучокот за рушење на дивите градби и токму во нив стои дека жалбата не го одлага рушењето“, вели претседателот на црковниот одбор Пере Ангеловски.
Ангеловски додава дека во решението и заклучокот за рушење на дивите градби , јасно било наведено дека жалбата не го одлага рушењето на објектот на „ИВИРЕ“.
„По којзнае кој пат прашуваме кој дозволил да се прими барање за легализација на објекти за кои е решено дека треба да се рушат.Законот за легализација е јасен дека одредбите од овој закон не се однесуваат на градбите кои се наоѓаат во подрачјето на НП, парк шума, природен парк , споменик на природата или во заштитено подрачје и простори на специјални резервати во заштитни зони на езерата и речните корита, а градбите на ИВИРЕ се токму во такво подрачје“, вели Ангеловски.
Трпејчани и понатака се изненадени зошто и локалните и државните институции сеуште не одговориле по писмен пат на нивните дописи, но и за тоа што, никој сеуште не ја превзема одговорноста за ненавременото реагирање на узурпацијата и неповретните штети кои се нанесени врз природата.
Тие потсетуваат дека ќе бидат истрајни и очекуваат целосно спроведување на барањата од месната заедница кои беа изнасени на мирниот протест во средата во село Трпејца. Имено од општината и од Државата Трпејчани бараат да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид. Од државата пак бараат да овозможи почитување на Законите, но и да побара секаков вид одговорност од подрачните служби на министерствата и Националниот парк Галичица, но и да се открие зошто досега нико јне реагирал на нивните дописи и пустошењето во Трпејца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град