Надлежните со различни ставови за „Ивире“.
Дали приватно – сместувачкиот капацитет „ИВИРЕ“, изграден на крајбрежјето во Трпејца ќе се легализира или не и до каде е постапката? За ова прашање деновиве се погласно се дискутура, но никој од надлежните не излегува со конкретен одговор. Само Трпејчани се категорични и бараат од општината и државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решенито и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ, донесени во јули 2011 год.
Во меѓувреме, сопственикот на спорните објекти, го искористил правото што му го дава Законот за тотално нелегален, а другиот е делумно нелегален. За ова го информиравме и сопственикот на објктите по што тој има право на жалба до второстепена комисија и после тоа ќе треба да се сруши објетот. Ние ќе му дадеме шанса самиот да го сруши за да неправи дополнителни трошоци, а доколку не го сруши самиот тогаш ќе го срушиме ние објектот“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Од писмениот одговор од локалната самоуправа и изјавата на градоначалникот, може да се заклучи дека повторно излегува на виделина некоординираноста на службите во општина охрид.
Петрески со свое видување на целата ситуација со Трпејца. Обвинува дека политиката премногу замешала прсти. Тој е категоричен дека никакви притисоци и реакции не може да го натераат него како прв човек на Охрид да го прекрши законот, со што би ја оштетил општината.
Од Мин. За транспорт и врски, децидни дека Локалната треба да постапи согласно решението за рушење издадено во 2011 година, и се повикуваат на законските надлежности пропишани во Законот за градење. Што се однесува до постапката за легализација на спорните објекти, портпаролот Драган Симоноски вели дека не е запознаено министерството со таа постапка бидејќи истата се одвива во рамките на локалната самоуправа.
На крај, од сите штури, нејасни и конфузни одговори од надлежните на локално и централно ниво, како и од нивните различни толкувања на законските прописи, може да се заклучи едно – клучен момент во целава голгота на Трпејчани е датумот на поднесување на барањето за легализација. Дали претходело или следувало по решението за рушење во јули 2011 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град