Од таму сакаат од него да направат повеќенаменска просторија. За таа немана им недостигаат 50 илјади евра.
Од таму сакаат од него да направат повеќенаменска просторија. За таа немана им недостигаат 50 илјади евра.
Местото кое стружани го користеа како јавен тоалет ќе се уредува. Делот под скалилата на влезот од Центарот за Култура “Браќа Миладиновци“ години наназад е целосно запуштено. Бидејќи се наоѓа во паркот на поезијата каде постојано има фрекфентност, неопходно е да се уреди тоа место, од каде се шират непријатни миризби, вели директорката на Центарот за култура.
За таа цел е изготвен проект со кој се предвидува реконструкција на тој простор. Директорката има план тоа место да биде наменето за повеќе културни активности.
За реализирање на овој проект би биле потребни околу 50 илјади евра. Ова сума е пристојна за да се опреми салата по сите стандарди за нашите потреби, вели директорката.
„Простoријата би била опремена со санитарни јазли, соблекувални, озвучување, осветлување и се што е потребно за едена сала за културни збиднувања„-вели Слободанка Попоска, директор на Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга.
Овој проект е доставен до министерството за култура. Директорката се надева дека ќе им излезе во пресрет за да го реализираат истиот. Доколку им ги одобрат потребните средства, Попоска се надева дека истиот ќе биде финализиран до месец јуни следната година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град