Дали Македонија има капацитети за да го организира европското првенство во ракомет годинава?
Ќе биде ли Македонија домаќин на врвен женски ракомет годинава? Европското првенство за жени остана без домаќин откако Холандија се откажа од организацијата. Сега се бара нов. Меѓу пријавените земји кои се заинтересирани, некако се најде и нашата. Ракометната федерација на Македонија ја пријавило земјава како можен организатор на првенството. Како адут за добивање на организацијата на ова првенство нашата ракометна федерација ги наведе релативно добрите сали кои би можеле да ги исполнат критериумите на ЕХФ.
Ако организираме сами, тогаш предложени се салата Борис Трајковски во Скопје како и салите во Струмица и „Билјанини извори“ во Охрид. Сепак ова не е единственото решение.
„Има уште една опција, евентуално два града да бидат во Србија, два во Македонија, значи заедничка кандидатура Србија-Македонија или евентуално кандидатура Србија-Македонија-Црна Гора, но во тој случај отпаѓа салата во Струмица, ќе бидат Скопје и Охрид во втората варијанта, значи Белград, Ниш, Скопје и Охрид, а во третата варијанта што е многу тешко бидејќи три држави никој не би прифатил, но ако евентуално не одговараат димензиите тогаш ќе се оди со Подгорица, Белград, Ниш и Скопје.“-изјави Марјан Ничевски-Генералниот секретар на Македонската ракометна федерација.
За строгите критериуми на европската ракометна федерација најдобро знае јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со охридската сала, а кое има искуство со организирање на вакви настани. Тие се најдоа затечени од расплетот на настаните, сметаат дека услови за ракомет моментално има само во Скопје, но со официјален став рекоа дека ќе излезат по разгледувањето на условите на ЕХФ. Сепак Ничевски сигурен дека Охрид слично како во 2008та ќе го помине тестот. Еве како.
„Во разговор со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, добивме ветување дека евентуалните недостатоци ќе бидат отстранети до првата инспекција која најверојатно во следниот месец треба да биде од страна на Европската ракометна федерација.“-вели Ничевски.
А сега друго прашање. Ќе има ли во Охрид годинава врвен женски ракомет? Дали ќе мора европската ракометна федерација да подзамижи пред недостигот на сала за загревање на играчите, пред слабото осветлување или проблемите со греење, на крајот на краиштата ќе се игра во Декември. Или ЕХФ ќе ни прогледа низ прсти на недостатоците или годинава ќе си гледаме ракомет само на телевизија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град