Голема заинтересираност за јавниот оглас на МВР за вработување на нови полициски службеници.
Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа.
„Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови кои што се прецизно дефинирани во распишаниот јавен оглас. Јавниот оглас може да се види не само во средствата за јавно информирање туку и на веб порталот на Министерството за внатрешни работи. Она што е посебно важно во овој дел е дека секој сектор за внатрешни работи, вклучувајќи го и СВР Охрид има оформено комисија која што ќе врши прием на апликациите кои што се доставуваат.“-вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Значи полициски службеник не може да биде секој. Според општите услови кандидатите мора да се државјани на Република Македонија, да не се помлади од 18 години, да имаат минимум средно образование ама и да не се осудувани. Останува прашањето колку од овие 300 нови вработувања ќе се случат во Охрид.
„Во објавениот јавен оглас практично Министерството ги има одредени сите сектори каде што е потребен одреден број на нови вработени. Тоа е направено врз основа на претходна анализа што МВР ја има направено во рамките на своите согледувања за потребите од нова работна сила. Така да се она што ќе значи одговор на ова ваше прашање е практично обврска на Министерството за внатрешни работи.“-додава Димоски.
Ако сакате во полиција ќе треба и малку да ги засукате ракавите. МВР ги проширило критериумите со неколку посебни услови кои мора да бидат исполнети. Ако сте машко кое е пониско од 175 сантиметри, не можете да направите 60 стомачни и 55 склекови, а и не ве бива за пишување есеи тогаш подобро седете си дома. Ако пак сте жена пониска од 165 сантиметри и не можете да направите 60 стомачни и 27 склекови, слабо стоите со интервјуа тогаш истото важи и за вас. Ама пак ако сте подготвени физички да ги издржите овие тестирања, но и ред други наведени во огласот, тогаш повелете во СВР Охрид. Петчлената комисија на секторот во наредните 12 дена во интервалот од 10 часот наутро до 15 часот попладне ќе врши прием на вашите апликации. Но од СВР Охрид толку, одлуката за тоа дали ќе ја добиете работата сепак ќе ја носи Министерството за внатрешни работи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град