Како до бараната информација?

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер имаме, но малку за него знаеме, или се правиме дека знаеме.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Македонија е на високото 14-то место во Европа според слободниот пристап до информации од јавен карактер. Законот постои од 2006-та, но некои навики, тешко умираат.Многу ретко барателите на информации било да се физички или правни лица па дури и медиумите, не го користат правото кое им го овозможува Законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер, вели Цветан Станоески од Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

„Секогаш се користат некои други канали, се знаеме ке кренеме телефон, ќе ја добијам информацијата или ако не ја добијам нема да ја пласирам на електорнскиот или пишан медиум“, вели Станоески.

sovetСостојбата не е ништо подобра и кај давателите на информации. Тоа се институциите, хиерархијски поставени од Претседателот на државата, Премиерот, минситрите па надолу и токму тие се лицата, кои најчесто го прекршуваат овој закон, вели Станоески.

„Со својата влијателност или од стравот на службените лица кои посредуваат со информациите, тие информации не доаѓаат до граѓанинот. Непознавајќи го законот, ќе кажат зошто му треба? И комисијата и законот имаат одговор. Секого кого ќе го прашат зошто, треба да му одоговориш со 300-2000 евра казна“, додава тој.

Васил Ложанкоски пак од одделението за односи со јавност при Општина Охрид, вели дека Локалната самоуправа Охрид е една од најтранспарентните институции, а барателите на информациите конечно ги забораваат старите навики за дојдат до саканата информација.

„Повеќе од граѓаните лично се обраќаат до одредени структури во ЛС, или до администрацијата или до Градоначалникот, но и голем број на физички и правни лица се обраќаат до ЛС со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер“ објаснува Ложанкоски.

Од Комисијата велат дека секоја тајност, секое таење на информацијата посебно на институциите финансирани од буџетот, се граничи со корупција. Додаваат дека целта на законот е барателот да ја добие информацијата, а како одат годините тие и ја добиваат се повеќе, бидејќи се намалува и бројот на жалби доставен до нив. Инаку денес во организација на мисијата на OBSCE во Македонија, се одржа работилница за подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top