Оснивците од Св. Климент учеа за Охридското езеро.
Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски.
„Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет и луѓе во нашиот Охрид. Сакам преку нашето здружение да ги обединиме и да создадеме една критична маса и во иднина преку нашето здружение да даваат идеи и активности кои ќе значат валоризација и шминка на УНЕСКО односно заштитена вредност како Охрид така и Охридското езеро. Ова е првиот и основен чекор кој го направивме во соработка со ОУ Св. Климент Охридски кое е дел од Унесковата мрежа на европски и светски училишта и се надеваме дека понатаму ќе продолжиме со други активности“, вели претседател на НВО КУЛТ ДАМ, Милчо Јованоски.
За потсетување, ОУ Св.Климент Охридски од пред неколку месеци официјално влезе во мрежата на Унеско Училишта. Управата на училиштето по овој повод организира низа активности за промоција на сите вредности кои се најважни за УНЕСКО, како што се промоција на мир, соработка меѓу народите. Покрај за овие наставниот кадар ги воспитува учениците да грижат за културното наследство на Охрид и Македонија, но и на светското културно наследство.
„Во нашето училиште во текот на претпладневните часови имавме предавање од страна на Димче Мајковски спортски риболовец кои на учниците им одржа предавање, презентација за рибниот фонд во Охридското езеро и за тоа како треба да се грижат да остани тоа наследство и за нивните деца и нивните внуци, правнуци затоа што треба да знаат дека нетреба само оваа генерација да го искористи тоа“, вели директор на ОУ Св. Климент Охридски, Славица Илиќ.
И професорката по биологија Дивна Стрезоска открива дека еколошката секција при ОУ Св. Климент десетина години интензивно работи на еколошки теми. „Ние отидовме малку и подалеку во заштита на животната средина. Дел од еко акцијата активно зедоа учество во делот на два проекти: Едниот е „Чардакот на Св. Климент, а годинешниот проект беше „Одбележување на денот на тиквата“. Сеуште не го имаме допромовирано, но ќе гледаме па и во Охрид како што некогаш се славело „ Денот на тиквата да го славиме и годиниве кои доаѓаат“, вели професорката по билогија ОУ Св. Климент Охридски, Дивна Стрезоска.
Основците во Св. Климент Охридски дефинитивно се следни промотори на вредностите на УНЕСКО. Тие и со годишните програми на Училиштето учат како да се грижат за екологијата и за хигиената во училиштето и во училишниот двор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град