Криминални умови внимавајте!

Македонските форензичари и тоа како се подготвени за решавање и на најкомплексните криминални случаи.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Компромис со науката нема. Македонските форензичари се повеќе од подготвени да се справат со секој предизвик во борбата со криминалот и вo решавање на најкомплексните случаи. Наскоро и македонските лаборатории за Де-ен-ка анализи, ќе бидат акредитирани како дел дел од големото европско семејство на овој тип научни институции, вели Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет од Скопје.

forenzicar„Акредитирање на лабораториите претставува работа со тие лаборатории по сторго утврдени стандарди во европски рамки, така што мора да се почитуваат тие правила и прописи, како се работи и на кој начин се изведуваат процедурите во тие лаборатории,“ вели Јанкуловски.

Алексеј Дума – Директорот на Институтот за судска медицина пак, потенцира дека во земјава веќе се набавени повеќе вакви лаборатории и дека веќе стануваме висококонкурентни со европските земји. Човечките ресурси исто така не смеат да се потценат, зошто веќе доаѓа една нова генерација на млади форензичари, додава Дума.

„Колку подлабоко влегуваме толку повеќе сфаќаме дека ние навистина не знаеме ништо. Треба многу да се работи. Секој ден има нешто ново, секој ден има ново откритие, технологијата оди страшно напред. Науката во светот во развиените земји е на примарно место. Мило ми е што Владата го сфати тоа и инвестираше во опрема, но таа опрема останува мртва, доколку не успееме да ја заживееме“ потенцира Дума.

forenzicarТој додаде дека доаѓа една нова геренација на научни работници, млади луѓе на кои треба да им ги отвориме вратите да влезат, да се почуствуваат горди и да ги надминат комплексите према колегите од развиениот свет. Драган Приморац, познат светски експерт од сферата на форензиката, истакна дека со развиени научни институти, Македонија едноставно станува посигурно место за живеење.

„Колку посилен Институт имате, имате поголема можност Македонија да биде решена од криминалот. Ние одамна во Хрватска сфативме дека тоа е подршка од целата држава, на еден систем, зошто ако вие немате квалитетни банки за ДНК податоци, тогаш некој убиец, педофил од Босна ,Хрватска, Словенија, Австрија или Сад ќе дојде во Макеоднија и ќе каже ова е вистинската држава за мене“, објаснива Приморац.

Инаку, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија денес имаше работилница на тема „Акредитирање на лабораториите за ДНК анализа“ на која беа разменети искуства и знаења, што пак ќе придонесе да се унпареди оваа научна дејност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top