„Остави цигаре, земи јаболко“, порачаа младите

Македонија го одбележува светскиот ден против пушењето.

 |  Маленкова Татјана  | 
svetski den protiv pusenjeto
светски ден против пушењето

Формалдехид состојка која се користи за зачувување на лешевите од распаѓање, Ацетон, Амоњак, средства за разредување на боја, се само мал дел од супстанциите од кои е составено секое цигаре. Возрасните иако знаат колку се штени цигарите, сепак некои од нив не се откажуваат од нив, но за среќа има и такви кои откако ги почувствувале негативните последици се откажале од овој порок. Мате Гогоски претседателот од НВО „Енхалон“ е еден од оние кои цигарите ги гледа како најлошиот порок кој може да го има човекот во себе.

„Пушев од мали нозе, сега не пушам. Почувствував големи промени позитивни, од кога непушам. Наместо cigari младите на пушат, да јадат јаболка или други овошја, затоа што во тутунот н е само никотинот штетен , туку нема ни една важна состојка која што му користи на организмот. Тоа е 100% штетно“, вели претседател на НВО Енхалон, Мате Гогоски.

Гогоски денеска на плоштадот во Струга го затекнавме на штандот поставен од УМС на ВМРО ДПМНЕ, каде на минувачите им нудеа јаболко во замена за цигаре. Мотото на кампањата која ја спроведоа е „Остави цигаре, земи јаболко“.

„Во светот на годишно ниво умираат повеќе од 5 милиони луѓе поради консумирање на тутунските проиводи, а над 600 илјади умираат дополниелнително поради вдишување на чадот. Оваа акција ја организира УМС на ВМРО ДПМНЕ како во Струга така и низ цела Македонија. „Остави цигаре, земи јаболко“. Ако размислувате да се откажете од цигарите направете го тоа денеска затоа што е светски ден проетив пушењето. Секој минувач кој ќе остави цигаре ќе му дадеме јаболко и флаер со информации за тоа што содржи цигарето и што содржи јаболкото, поточно зошто едното е добро да се јаде, а другото треба да се исфрли“, вели , претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Блажески.

Доколку пушите, не само што се труете самите себе,  туку чадот од цигарите ги труе и луѓето околу вас.  akcija UMS VMRO DPMNE Тие вдишуваат арсен, бензин, кадмиум, жива, фенол. Се на се во чадот од цигарите има 4000 потенцијално опасни супстанции или 44 типови на отров од кои за 43 е докажано дека се канцерогени. Пушењето одзема 12 до 20 години од животот и е причина за 21 процент од смртните случаи. Анализата на Светската здравствена организација, објавена по повод 31 мај – Светскиот ден против пушењето, предупредува дека доколку не се превземат сериозни мерки, милијарда луѓе можат да умрат од употреба на тутун во текот на 21-от век.

Според СЗО, во Македонија речиси 21% од сите смртни случаи на возраст меѓу 35 и 69 години се поради пушење. Истражувањата на СЗО покажуваат дека драстично се намалува возрасната граница меѓу малолетниците кои посегнуваат по овој порок. Македонија е втора земја во Европа по број на пушачи.

На крајот и малку поведра информација, за оние кои ќе се откажат од овој порок. Од кога ќе престанете да пушите после 8 часа, јаглеродмоноосидодт во крвта се враќа во нормала, после 48 часа, нервните завршетоци се регенерираат и сетилата за мирис и вкус се подобруваат, после година дена ризикот од срцеви заболувања се намалува на половина , а после 15 години, ризикот од коронарни срцеви заболувања се изедначува со непушачите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top