Јаболко како од приказната за Снежана

Какво овошје и зеленчук јадеме?  Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ќе го докажува квалитетот на  земјоделските производи

 |  Јаковлева Лионела  | 
cresi
цреши

„Јас здраво се хранам. Секој ден конзумирам зеленчук и овошје“. Оваа реченица многу често можеме да ја слушнеме, но колку има вистина во неа. Дали зеленчукот и овошјето што ги јадеме се навистина здрави. Колку надлежните институции водат сметка дали производите на македонските ниви и пазари  ги задоволуваат европските стандарди. Дел од граѓаните кои ги запрашавме дали државата се грижи за квалитетот на храната што ја конзумираме велат дека не се грижи, а има и такви кои сметаат дека храната се контролира и е релативно здрава.zelencuk

Агенцијата за храна и ветеринарство неодамна најави дека ќе спроведе акција на пазарите и на нивите, со што треба да се утврди дали има тешки метали и пестициди во македонските овошје и зеленчук, дали се употребуваат недозволени ѓубрива и средства за заштита, односно дали се здрави овошјето и зеленчукот кои секојдневно ги консумираме. И во Охридскиот регион ќе се вршат вакви контроли. Подготовките се во тек. Се чека да се избере во која лабораторија ќе се прават испитувањата на мострите.

Експертите велат дека ова е прва акција од ваков вид што се спроведува од една надлежна институција. Тие ја поздравуваат акцијата бидејќи до сега Македонија од странство дознавала дали некој производ има вишок пестициди или други материи кои се недозволени. Земјоделците се затекнати од анализите. Некои од нив велат дека конечно ќе се стави ред во користењето на вештачките ѓубрива и на средствата за заштита, а за други ова е дополнителен удар.

Нутриционистите  предупредуваат дека пестицидите и хербицидите заедно со тешките метали се отрови кои предизвикуваат тешки оштетувања на црниот дроб и на бубрезите и дека ако долго се користи ваква храна многу често последиците се фатални.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top