Четри во едно – „За демократска Македонија“.

Коалицијата на големиот опозициски блок ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство, синоќа од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
tribina
трибина

„За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото а при тоа не се води никаква сметка за иднината.

zernovski„Живееме најмизерно од сите граѓани од сите држави во Европа, тоа е резултатот на Никола Груевски. Затоа мора да се спротиставиме. Што да кажеме за евроатланските аспирации. Порачува дека преку глава му е од НАТО и ЕУ. Се согласувам дека има непринципиелна политика од нив, но време е да му кажеме дека нас ние преку глава од неговата политика каде што ја изолира Р.Македонија и ги спречува нашите генерации да живеат во Европа“.

Полицискиот генерал, Стојанче Ангелов, како што беше претставен пред неговото обраќање, силно верува дека стои пред коалиција која ќе прерасне во сериозна политичка сила која ќе се спротистави на сегашната погубна политика

stojance„Во 2001 со оружје во рака војувавме за Македонија, војувавме против историските наследници на албанските балистички орди спречувајќи ги да отцепат дел од светата македонска земја. Во 2011 повторно војувавме за Македонија, овој пат со политички средства, војувавме против ненародниот режим на фамилијата која ја донесе македонија на дното на Европа. Војувавме за Македонија да стане демократска и економски просперитетна држава“.  

На трибината се обрати и потпретседателот на Обединети за македонија Маријан Огњановски. „Тука сме да ја исполниме историската задача, да се обединиме, за да ја вратиме демократијата во Р. Македонија.  Пораката што ја праќаме од овде до сите граѓани е дека конечно ќе ги обединиме сите граѓани, сите идеи, сите сили, кои на Македонија ќе и донесат напредок и демократија. Зарем треба да потсетиме дека македонската Влада за само за 3 години го зголеми надворешниот долг од 1 на 3 милијарди евра“.

Лидерот на ВМРО – НП, Љубчо Георгиевски, рече дека пред два месеци, четворицата лидери го испиле првото заедничко кафе и уште тогаш запишале како ќе дејствуваат на политичкиот простор секој со своја програма. Георгиески смета дека сите заедно сме обврзани да се избориме за правата на демократијата, бидејќи во моментов имаме недостаток од тоа со погубната политика на актуелната Влада која се води во моментов.

georgievski„Многу од вас се сеќаваат дека бев еден од првите кој се бореше за рушење на Југословенскиот комунистички систем, за падот на тоталитарна Југославија. Но сега ве уверувам ако треба да направам лична споредба на демократските права и слобода во последните пет години со последните пет години од распадот на комунизмот, заклучокот е дека во последните пет години на распадот од комунизмот имаше повеќе демократија во оваа држава отколку последниве пет години“.

Четворицата лидери упатија и ред други критики кон политиката што ја води оваа Влада, критики за надворешната политика околу приемот на земјава во НАТО и интеграцијата кон ЕУ,  така и на економски и социјален план. Тие побараа подршка од граѓаните во битката што претстои, ветувајќи дека имаат што да понудат. На синоќешната трибина беа присутни повеќе истакнати личности од јавниот и општествениот живот од Охрид и Струга, а присутен беше и охридскиот градоначалник Александар Петрески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top