Крадците можат да ве олеснат и преку банкомат

Кредитните картички и банкоматите, треба да ни го олеснат животот но може и да ни го загорчат.

 |  Мишел Наумоски  | 
bankomat
банкомат

Во светот далеку по присутен, но за жал и Македонија фаќа темпо. Компјутерскиот криминал зазема се поголемо место во вкупниот криминалитет во земјава. Компјутерскиот криминал е криминал на сегашноста и иднината. Вака вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје. Најпознат вид на компјутерски криминал е финансискиот односно кражбите од банкомати. Иако во јавноста не се многу познати, кражбите од банкомати се дефинитивно реалност за нашите граѓани.

kradec bankomat„Не би рекла дека во Македонија такви криминални случаи немало. Значи имаше изминативе години и тоа делуваа организирани криминални групи кои што набавуваа посебни технички средства кои што се ставаат на банкомати каде што се снимаат податоци од кредитните картички, од било која платежна картичка, истите понатаму се изработуваат со вистински податоци, но сопствениците не знаат. Значи некој нив ги изработува, а после истите се употребуваат и се извлекуваат пари од банките или пари од сметките на граѓаните.“-вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје.

Кај овој вид на криминал е многу тешко да се дојде до сознанија, затоа што граѓаните често и не знаат дека биле ограбени-вели Николовска. Но кражбите од банкомати односно платежни картички не се единствениот вид на компјутерски криминал.

lazna tastatura bankomati„Она што многу малку се зборува кај нас е таа финансиска безбедност на нашите сметки или да речеме и моралната безбедност. Затоа што повеќето млади деца ставаат фотографии на фејсбук. Не знаат дека тие фотографии од некого ќе бидат симнати па преку Фотошоп обработени и истите искористени за порнографски материјал. А се повеќе треба па и вие медиумите па дури и да се организираат средби за на некој начин да им се укаже таа опасност на граѓаните. Граѓаните не ја сфаќаат реално опасноста затоа што мислат дека сето тоа му се случува на некој друг, а не се свесни дека тоа може да им се случи и нив.“-рече професор д-р Николовска.

Професор Николовска додава дека нема ефикасен начин кој ќе обезбеди целосна заштита од ваквите злоупотреби на податоците, но и средствата на граѓаните. Таа посочи дека најдобар начин на заштита е да се внимава какви податоци се бараат од нас и какви податоци оставаме. А извори на опасност доаѓаат дури и од она што ви изгледа најбезопасно. Само еден обичен мејл каде што некој ви нуди дел од наследство ако му кажете трансакциска сметка, може да ја испразни вашата картичка. Затоа внимателно!

Николовска вели дека потребна е натамошна едукација како и соработка со стручни лица од областа на компјутерската форензика. Министерството за внатрешни работи за среќа има единица за борба против компјутерскиот криминал, но подрачните единици на СВР сеуште немаат доволно ресурси за самостојно да можат да работат на ваквите случаи. Според информациите кои ги добивме од СВР-Охрид, барем во нашиот град, најчесто случаите ги обработуваат до одреден степен, а потоа ги доставуваат во канцеларијата за организиран криминал во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top