Трпејчани на средба со институциите

Актуелната безбедносна состојба во Трпејца – тема денешниот состанок на советодавна група на граѓани.

 |  Николоска Биљана  | 
sostanok trpejca
состанок трпејца

Судар на два закони, едниот за градба, другиот за легализација. Во тоа лежи основниот проблем поради што состојбата со двете дивоградби во Трпејца ескалира. Денес во малата општинска сала, советодавна група на граѓани од Трпејца одржа состанок со претставници од охридската полиција и ОБСЕ. Целта е надминување на проблемот што го имаат со сопственикот на дивоградбите Сребре Петрески, поради што во неколку наврати беше загрозена безбедносната состојба во оваа месна заедница. „Секоја од надлежните институции да си го заврши својот дел од работата“, порача Јавниот правобранител Љупка Попеска, во врска трпејчкиот проблем, која не остана до крај на состанокот да ги слушне заклучоците бидејќи брзаше на закажан термин за судско рочиште.
trpejcani i policijaСо темпирано време беше и Слободан Николоски, адвокатот на Сребре Петрески. Тој смета дека треба да се почека проблемот да помине и да се реши низ институциите на системот, а доколку сакаме изјава од него не покани во неговата канцеларија да наминеме кога ќе се ослободи.
Претставникот на Секторот за урбанизам Тихомир Дурнев рече дека во врска овој случај поведена е постапката за легализација на дивоградбата, но сеуште не може да каже дали истата ќе се легализира или не. Она што според Дурнев е најважно е дека се оди во согласност со законот и нема да има отстапувања.
Општинскиот градежен инспектор Слободан Дамјаноски, смета дека ако добро се разгледаат сите околности ќе се забележи судар на Законот за градба и за легализација.
trpekcaniТрпејчани пак, стојат на своето барање, неотповикливо отстранување на дивоградбата. Тие се задоволни од денешната средба со претставниците на неколку надлежности и ќе чекаат сите дилеми и проблеми околу случувањата во село Трпејца со узурпацијата и изградбата на дивоградбите да се решаваат исклучително институционално.

„Со преговори меѓу двете страни тешко дeка би дошло до некое разбирање и решавање на проблемот. Затоа што мислам сопственикот на фирмата постапи многу неправилно спрема нас Трпејчани со примена на сила закани и уцени и ред други работи со што сите жители на трпејца се револтирани и не сакаат преговори“.

sostanok pol i trpИ на сопственикот на спорните дивоградби Сребре Петрески му отстапивме простор да каже дали е задоволен од состанокот, но тој не беше расположен пред камерите да се изјасни. Последниот збор заедно со заклучоците кои произлегоа од состанокот го имаа претставниците на СВР – Охрид. Првиот заклучок беше двете страни да се воздржат од било какви активности. Вториот, надлежните институции да ги преземат потребните мерки кои се во нивна надлежност, а за тоа да ги известат мештаните и трето, полицијата во рамките на законската надлежност подготвена е да реагира и  било каков проблем или инцидент да се пријавува.
Живорад Савич од СВР Охрид потенцира дека проблемите во Трпејца се амортизираат и оти биле на добар пат кон нивно решавање. Тој исто така смета дека не треба и понатаму имиџот на Трпејца, кој се компарира со Сан Тропе да се наруши.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top